(ВИДЕО) Николоски: Поради неспособноста на Заев милиони тони грозје скапува по нивите

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициона партија и како најголема пратеничка група во Собранието е повторно меѓу народот. Ние сме една поразлична опозиција. Но, опозиција која што е цело време со луѓето, и со маките на луѓето. Ја слушнавме маката на лозарите, и на земјоделците од целиот Тиквешки регион. И затоа вечерва дојдовме да поразговараме со нив“, порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, вчера во Сопот.

„Маките се огромни, маките кои што ги слушаме од луѓето навистина се болни и навистина е жално да се види и да се слушне дека целиот род останува неоткупен.

Зелената мафија царува и во откупот на грозјето, за ова зборувавме пред изборите и бевме јасни дека ова ќе се случи доколку СДСМ остане на власт. За жал коалицијата на СДСМ и ДУИ остана на власт. И имаме огромен проблем со откупот на грозје. Само во Сопот каде што сме вечерва остануваат неоткупени помеѓу 9 и 12 милиони тони грозје, што значи скоро целокупниот род.

Владата на чело со Зоран Заев се што вети излажа. Ветија гарантирани откупни цени над 9 со 11 денари, а во моментов откупните цени за тие што имаа среќа да го предадат грозјето се сведени на 2 со 4 денари. И тука субвенциите не помагаат ништо. Затоа што производната цена на грозјето е 15 денари, а се откупува со 2 со 4 денари, таму каде што имаат среќа лозарите да го предадат.

Најголем дел воопшто не можат да го предадат затоа што воопшто нема откуп“, вели Николоски.

„Заради овие причини, две работи предлагаме. Прво, Комисијата за земјоделие во рамки на Собранието предводена од Љупчо Димовски кој што е вечерва со нас, побара во поддршка на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата организирање на надзорна расправа во Собранието, за состојбата во лозарството и откупот на грозјето. Таа надзорна расправа ќе се случи следната недела и на неа очекуваме сите надлежни од Владата да дојдат и да се соочат со земјоделците, да се соочат со нивниот гнев и мака. И заеднички да се најде решение доколку е тоа возможно.

И второ, основното барање кое што го има ВМРО-ДПМНЕ до владата е да се направи организиран државен откуп на целокупното грозје кое што не е откупено. Државата има можност, има сили и има простор во буџетот. Да не се купуваат 50 луксузни автомобили, туку да се откупи целокупниот род на грозје кое што останува по нивите оваа година во Тиквешко и цела Македонија, затоа што немаат слух за маката на земјоделците.

Значи бараме организиран државен откуп, државата да го откупи грозјето кое што останува неоткупено.

Ќе продолжиме со овие активности и со средби луѓето. Револтот е голем ќе не има секаде во Тиквешијата, ќе не има на улиците заедно со луѓето, ќе не има и по нивите, ќе не има пред винариите, ќе не има пред надлежните институции. Заедно со луѓето да најдеме решение за оваа мака која што ги задеси, а за која што е виновна старо – новата крими коалиција СДСМ/ДУИ“, кажа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе ги потврди листите за пратеници

Катерина Ѓуровски

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Николова: Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје

ВИДЕО: Време е за 90 пратеници и една изборна единца порача Мицкоски во промоцијата на изборната програма

Катерина Ѓуровски

Членство во ЕУ и продолжување на стратешкото партенство со САД – изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја презентира програмата за парламентарните избори 2024