(ВИДЕО) Нема евтин леб од 33 денари, граѓаните бесни: Пекарите утрово не доставија леб

Од:

Дел од пекарите од утрово не дистрибуираат леб по замрзната цена од 33 денари спроведувајќи ја одлуката од последниот состанок на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија дека ќе престанат да печат леб првиот ден откако Владата ќе ја донесе одлуката за замрзнување на цената на лебот.

Владата вчера на седница донесе одлука да ги замрзне цените на белиот и полубелиот леб од 450 грама на 33 денари до крајот на мај годинава, а ја укина и субвенционираната струја за компаниите кои произведуваат основни прехранбени производи.

Дел од пекарите не дочекаа ниту одлуката да излезе во Службен весник па не доставија од белиот и полубелиот леб од 450 грама утрово.

Граѓаните се револтирани и сметаат дека празните рафтови со евтин леб ќе значат нов удар по нивниот џеб, посебно за оние со пониски приходи.

– Три маркети прошетав, леб од 33 не најдов. Цената си стои, но рафтот празен. Ова е срамота. Ние пензионерите не можеме да купуваме брашно и да печеме леб секојдневно. Зарем оние со ниски пензии можат да си дозволат да купуваат леб од 50 нагоре, а да не зборуваме за семејствата со повеќе членови кои дневно трошат по 150 денари за леб – рече пензионерка за „А1он“ додека стоеше пред празните рафтови во маркет.

Според анализите на Министерството за економија, кај голем дел од компаниите кои што користеа субвенционирана електрична енергија од ЕСМ Продажба по цена од 80 евра за мегават час, немало намалување на цените на основните прехранбени производи.

Врз основа на податоците од Државниот пазарен инспекторат, Министерството за економија до Владата предложи мерката да се укине за сите компании од прехранбениот сектор.
Мерката за субвенционирана електрична енергија од 80 евра по мегават/час за компаниите кои вршат производство на основните прехранбени производи важеше од 1 декември 2022 до 30 април 2023 година.

Мерката се однесуваше на компаниите кои што произведуваат производи – масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, месната и живинарската индустрија.
Целта на оваа мерка беше компаниите од прехранбениот сектор да ги намалат цените на основните прехранбени производи.

Горан Малишиќ, претседател на групација за мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија рече дека и сега имало поевтинет леб благодарение на субвенциите за струја, но дека замрзнувањето на цената ќе предизвика прекин на нивната работа.

– Секоја компанија си има свои трошоци и според нив ја одредува цената. Никој не го тераме со сила да купи леб од 50 денари ако веќе постои леб од 30. Тоа е пазарна економија – рече Малишиќ.

Би можело да ве интересира

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он