(ВИДЕО) Митева: Владата на СДСМ ја уништи економијата, поскапи цени за парно и струја се нивната прва владина мерка

Од:

Владата на СДСМ ја уништи економијата. Поскапи цени за парно и струја се нивната прва владина мерка, истакна на прес-конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

„Актуелната ситуација со БЕГ отвори многу прашања за СДСМ и навидум независната регулаторна комисија за енергетика. Согласно варирањето на цената на гасот на светскиот пазар СДСМ И РКЕ не успеаја да предвидат или предвидоа но премолчеа дека БЕГ нема да има услов за функционирање во грејната сезона. Второ, врз основа на кои математички пресметки РКЕ и Владата донесоа одлука за поскапување на парното за 14 отсто? Бислимовски убедуваше дека нема да има проблеми со компаниите, дека компаниите се обезбедени за грејната сезона, и ги држеа граѓаните во неизвесност до последниот ден. Трето, дали овие средства со кои се врши субвенционирање на БЕГ се средства кои претходно се обезбедени и планирани за оваа намена?“, рече Митева.

Дополнително, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, оваа криза прерасна во политичка можност за обвинување на Градот Скопје и општините кои немаат никаква улога ниту во регулирањето на цената, ниту пак во договарањето на набавките за гас.

„Битиќи и Бектеши се пофалија дека е решен проблемот со парното, но одбегнаа да кажат колку пари ќе ги чини граѓаните“, рече Митева и посочи дека уште еден поразителен факт е дека ТЕ-ТО сега го дава гасот на одложено плаќање, без наплата, до обезбедување на ликвидноста и до потпишување на деловно техничка соработка што укажува на фактот дека ТЕ-ТО работи со загуба.

Од опозициската партија оценија дека ценовниот шок, кризна состојба во енергетиката која е пропратена со економска и здравствена криза е дело на како што велат, неспособната Влада на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Сексистички навреди кон Силјановска на митингот во Куманово, Пендаровски се смее