(ВИДЕО) Локвенец: Навремено исплатени 27 милиони евра субвенции за тутунарите

Од:

„27 милиони евра, заслужено завршија во рацете на производителите на тутун. Нека се аирлија.

За реколтата 2018 над 90% од земјоделците предале тутун од прва и втора класа.

Уште од лани, субвенциите ги зголемивме на 80 денари за прва класа, 70 денари за втора и 60 денари за трета, односно четврта класа килограм предаден тутун. Се покажува дека тоа е правилна, вистинска одлука.

Само од зголемувањето на субвенциите по класи тутун, годинава влегуваат околу 5 милиони евра повеќе пари за производителите на тутун. Од тие пари најголем дел завршуваат во прилепскиот регион како најтутунарски во државата“, рече Хари Локвенец, пратеник во Собранието.

„Субвенциите минатата година се исплатија на 17 април, годинава на 16 април.

Како и минататата година, и годинава субвенциите се исплаќаат на еден месец пред почетокот на новата сезона, односно тогаш кога им се најпотребни на тутунарите за да ги реинвестираат во новата реколта.

Така ќе биде и секоја наредна година.

Ние знаеме дека производството на тутун е една од најтешките и најмачни гранки во земјоделството. Затоа го вреднуваме и наградуваме трудот на земјоделецот со директна поддршка.

Минатиот месец во Собранието го изгласавме и новиот Закон за тутун, со кој предвидуваме укинување на евидентните листови или т.н. „бели картони“, што ќе започне да се применува од 2020 година.

Со ова значително ги олеснуваме административните процедури за тутунарите, кои ќе склучуваат договори директно со откупните претпријатија.

Тутунарите и граѓаните воопшто, препознаа дека за нас зборот е збор.

Почитувани тутунопроизводители,

Работите тргнаа на поарно, се повеќе пари завршуваат кај тутунарите, кај земјоделците, кај граѓаните.

Во недела, на изборите избираме дали ова ќе продолжи или ќе се вратиме назад во црното време на режимот.

Избираме напредок, повеќе пари и сигурна иднина. Продолжуваме заедно напред!“, изјави Хари Локвенец, пратеник во Собранието.

Би можело да ве интересира

Одлука на Владата за нови 915 милиони денари субвенции за земјделците

Ана Ололовска

СДСМ: 146 милиони евра се инвестираат во патишта, водовод и гасовод во Пелагонискиот регион

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Костадинов: За хидроцентралите на Мицкоски предмет отвори ДКСК, фирми должат данок, што сака да сокрие?

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Прентовиќ: Искористеноста на ИПАРД помошта достигнува 50 отсто

Ана Ололовска

СДСМ: Исполнето е ветувањето за укинување на квотите за лекови, здравството е на прав пат

Ана Ололовска

Заев: Мицкоски мисли дека со продажба на уделот ќе ги сокрие трагите во хидроцентралите