(ВИДЕО) Лазаревска: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се против поголема минимална плата и против стечајците затоа кочат во Собрание

Од:

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои членуваат во Комисијата за труд и социјална политика вчера одбија да дискутираат за измени на законот кои предвидува зголемување на опфатот на стечајци кои ќе бидат обештетени од државата.

Истовремено, по завршување на дискусијата за Законот за минимална плата, одбија да го стават предлогот на гласање, за тој да продолжи во понатамошмна расправа.

ВМРО-ДПМНЕ научена на земање од граѓаните, уште еднаш покажа дека е против ново зголемување на минималната плата овојпат на 14.500 денари“, рече Жаклина Лазаревска, пратеничка од СДСМ и коалицијата.

„ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не можат да се помират со тоа што парите веќе не завршуваат во белиот дворец и затоа се против секоја мерка што носи пари кај граѓаните.

Ништо ново од ВМРО- ДПМНЕ, опозициската партија останува заглавена во криминалната матрица на Груевски.

11 години ВМРО-ДПМНЕ беше против зголемување на платите, 11 години ги игнорираше стечајците и ја злоупотребуваше нивната мака, а денес оваа партија го прави истото и како опозиција.

Јасно е, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не сакаат минималната плата да порасне на 14.500 денари. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не сакаат да се зголеми опфатот на стечјани работнции кои ќе добиваат месечен надоместок до пензионирање за кончено да се реши долгогодишната неправда.

Деструкција, грабање на парите на граѓаните и блокирање на секоја мерка што го унапредува животниот стандард на семејствата. Тоа е понудата на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

Граѓаните, јавноста го ценат таквото однесување на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа на 12 април одново ќе ја поразат нивната антидржавна и деструктивна матрица. Граѓаните на 12 април ќе дадат поддршка на концептот што носи повеќе пари во семејствата и ќе потврдат дека државата е на прав пат“, изјави Жаклина Лазаревска, пратеничка од СДСМ и коалицијата.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Тоа што ДУИ го критикува работењето на СДСМ, а СДСМ нема кажано ниту збор против ДУИ, докажува дека се нивни измеќари

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот