(ВИДЕО) Лашкоска: Заев како министер за финансии ќе управува со над 10 финансиски институции, царина, финансиска полиција…

Од:

„Вчера бевме сведоци на етаблирањето на апсолутизам во Македонија од страна на Заев. Уште еднаш се потврди дека со Заев наместо реформи и напредок на земјата се случува континуирано пропаѓање на преспективите и вредностите.

Тој вчера се устоличи во султан, и на премиерската позиција си ја придодаде и функцијата министер за финансии. Замислете Зоран Заев, аболицираниот за финансиски криминал , човекот кој го видовме како нелегално бара едно евро за Вицето, едно за црквата, стана министер за финансии, односно ќе стане од среда министер за финансии, кој непосредно ќе располага со парите на граѓаните“, рече Ане Лашкоска, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Од оваа среда семејството Заеви, Зоран Заев и веројатно Вице заев ќе имаат управа над 10 клучни институции. Управувањето со ова министерство директно од страна на Заев, значи дека со него тој лично воспоставува контрола и врз институции како Царина, УЈП, Финансиска полиција, Управа за финансиско разознавање, Секторот за трезорско работење, Игрите на среќа, Централниот регистар, Управата за имотно правни работи, стоковите резерви, управување со јавен долг, системот за банки и штедилници, системот за девизно работење, системот за ревизија, и неколку помали други институции. Ова значи дека безмалку целиот финансиски сектор во државата е чекор поблиску за контролирање од страна на кланот Заеви.

Епа среќна нова 49та. Заеви управуваат со милијардите на граѓаните.

Со право јавноста се прашува дали сите овие институции ќе овозможат непречено да функционира принципот евро за Вицето – евро за црквата кој го патентираа во Струмица додека Заев беше градоначалник.

Зоран Заев е човекот кој ќе одлучува за тоа колку државата ќе се задолжува и за што. За милионски задолжувања ќе одлучува човекот кој бараше мито од 200.000 евра.

Да биде симболиката уште поголема тој ова го направи, наместо во Собранието на Република Македонија, во Валандово истото место кај што пред 9 години најави дека живи луѓе ќе јаде ако дојде и на власт и ќе се опкружи со партиски послушници се од чистачка па до министер.

За жал следат уште поцрни денови, бидејќи се што фати Заев упропасти. Беше прв човек на Телото за реформи во судството, а од тоа видовме само како си обезбеди нова амнестија за очигледен криминал. Заев си зададе клучна улога во дипломатијата, а донесе штетни договори за Македонија која патем сеуште чека датум за почеток на преговори со ЕУ.

Се постави како надлежен над тајните служби, а сега станува и министер за финансии.

Замислете после судството, дипломатијата, тајните служби сега и народните пари се директно во рацете на аболициран премиер во Република Македонија“, изјави Ане Лашкоска, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Мицкоски бара средба на државниот врв и избори

Ана Ололовска

СДСМ: Политиките за извлекување од сиромаштија даваат резултат, зголемување на животниот стандард и намалување на трошоците кај 300.000 граѓани

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: 22% од граѓаните едвај преживуваат, 7% од пензионерите се на раб на егзистенција

Ана Ололовска

Мицкоски: Од денеска ВМРО-ДПМНЕ излегува на улиците

Татјана Ташкова

ВМРО-ДПМНЕ: Заев три години колку што е на власт не направи ништо за граѓаните и подобрување на животниот стандард

(ВИДЕО) Стоилковски: Заев е само пример како картелот на власт, октоподот, ја злоупотребува власта за лични богатења

Ана Ололовска