(ВИДЕО) Ковачевски се шегува на сметка на Бектеши: Играше фудбал за Влазерими, сега игра кошарка во кабинет кај Груби

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски се шегуваше на сметка на фудбалскиот талент на министерот Крешник Бектеши додека заедно пазареа во еден од скопските супермаркети.

Двајцата ги сопре поранешна македонска ракометарка со која си направија муабет за нивните спортски афинитети, а Ковачевски и рече дека Бектеши бил спортист на времето кој играл за Влазерими од Кичево, но сега игра само за Артан Груби во канцеларија.

– Еве го Бектеши. И тој беше спортист на времето. Фудбал играше за Влазерими од Кичево. Сега игра за Артан Груби во канцеларија, таму дава голови и постигнува кошови – истакна премиерот Димитар Ковачевски во разговорот со ракометарката од Тафталиџе, сега пензионерка.

Таа му рече дека била “најдобрата голманка во Македонија“, а Бектеши одговори дека во канцеларијата на Груби тој забивал кошеви, додека Груби постигнувал голови.
Ова беше трета проверка на Ковачевски на замрзнатите цени и трет повик до новинарите да го снимаат како пазари во супермаркет.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ не е против уставни измени

Орце Костов

Средба на Ковачевски и Мицкоски за уставните измени

Ана Ололовска

Мицкоски: Измама е тезата на Ковачевски за изборот интеграција или изолација

Следната недела средба меѓу Ковачевски и Мицкоски

Ана Ололовска

Ковачевски: Ако не се случат уставните измени, ќе имаме изолација

Од денеска не важат замрзнатите цени на храната – се стравува дека нагло се ќе поскапи

Анита Петровска Рајковиќ