(ВИДЕО) Ковачевски на ЗЕМАК 2020: ЕСМ работи на исполнување на европските стандарди во енергетиката

Од:

Производството и протокот на енергија не смее да запре и покрај отежнатите услови од Ковид пандемијата кои може да се влошат во претстојниот период, изјави генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, во своето обраќање при отворањето на конференцијата на Здружението на енергетичарите-ЗЕМАК, која оваа година се одржа како вебинар.

-Оваа криза не смее да не спречи во нашата работа како енергетски компании и како енергетичари. Исто така, не смее да запрe ниту научниот дел поткрепен со емпиријата од секојдневниот работен процес, затоа што новите трендови во енергетиката веќе се отпочнати и течат и истите мора да се спроведуваат понатаму согласно преземените обврски на национално и на светско ниво. А за сето тоа се потребни истражувања, студии на случај, сублимирање на податоци и резултати, анализи итн, изјави Ковачевски, кој ја поздрави разновидноста на темите со кои учесниците се пријавени за годинешната конференција.

Според него, евидентно е дека на листата на трудови на оваа конференција се наоѓаат теми кои произлегуваат и се однесуваат на традиционалните извори на енергија, како и теми поврзани со обновливите извори на енергија, што покажува дека кај нас е многу висока свесноста за новите трендови и новите обврски на тоа поле, што ги имаме прифатено на национално ниво и мораме да се усогласиме со европската регулатива и европските стандарди.

АД ЕСМ, додаде Ковачевски, посветено работи на модернизирање на своите традиционални производни капацитети на електрична енергија, конкретно термоелектраните, со цел нивно усогласување со пропишаните европски стандарди во однос на ниска стапка на загадување.

-Понатаму, ги санираме хидроелектраните за оптимизација на производството на електрична енергија од вода и што помала загуба и на овој ресурс. Исто така, ги прошируваме постоечките производни капацитети кои почиваат на ветерна енергија, а почнавме изградба и на фотоволтаични електрани, односно во нашето портфолио внесуваме и производство на електрична енергија од сонце, изјави Ковачевски, соопшти АД Електрани на Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови

Изборот за нов универзален снабдувач обвиткан со тајност

Почна реконструкцијата на автокампот Ливадишта во Радожда, се очекува да заврши до почетокот на летото

Нема пазарна логика да се приватизира АД ЕСМ, тврди Бислимовски

ТЕЦ Неготино се спојува со ЕСМ за поисплатливо производство: Власта тврди дека нема да ги продаде

Орце Костов

ЕСМ нема да се продава додека ДУИ е на власт, вели Бектеши за спојувањето на ТЕЦ Неготино и АД Електрани

Орце Костов