(ВИДЕО) Ковачевски: Компаниите ги препознаваат придобивките од „Отворен Балкан“

Од:

Aнализата нуди сеопфатна слика за состојбата на регионалната соработка во регионот од аспект на четирите слободи и тоа – слободно движење на стоки, услуги, лица и капитал, што ги мапира клучните чинители за зајакнување на соработката во рамки на „Отворен Балкан“, истакна премиерот Ковачевски во своето обраќање на отворањето на тркалезната маса на тема „Економска интеграција на Северна Македонија во рамки на Западен Балкан и перцепцијата на извозно ориентираните компании за иницијативата Отворен Балкан“.

„Истражувањето на Аналитика и Фондацијата Отворено општество Македонија потврдува дека компаниите имаат позитивно мислење за иницијативата за соработка Отворен Балкан. Гледаат на оваа иницијатива како нова можност за подобрување на работењето на нивните компании“, рече премиерот Ковачевски.

Тој додаде дека овој извештај веднаш ќе го сподели со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и со премиерот на Албанија, Еди Рама, како одличен податлив инпут за претстојниот Самит на Отворен Балкан, кој ќе се одржи во Охрид пролетва.

Ковачевски укажа на вредноста на првите договори и меморандуми што беа потпишани во Тирана во декември 2021 година: Договорот за интерконекција на шеми за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан и Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан.

„Со овие договори, им овозможуваме на граѓаните на Северна Македонија, Албанија и Србија пристап до електронските услуги на националните портали на трите земји преку креирање електронска идентификација ‘Отворен Балкан’ со што започнува остварувањето на можноста за олеснет и непречен пристап до пазарот на труд во трите земји. Иницијативата ‘Отворен Балкан’ отвори можности за поврзување и за окрупнување пазар до кој имаат пристап сите во регионот. Ги поврзуваме економиите, стануваме поконкурентни, посилни и уште повеќе подготвени за натамошен развој. Се поврзуваме со јасна, отворена и јавна намера нашите народи час поскоро да осетат директни, економски придобивки од олеснувањата кои ги обезбедуваме“, кажа Ковачевски и дополни дека на „Отворен Балкан“ треба да се гледа како на нешто што е вообичаена и нормална пракса во ЕУ врз основа на заедничкиот договор на нејзините земји членки.

Премиерот истакна дека „Отворен Балкан“ не е замена за ЕУ туку засилувач на европската идеја на Балканот и катализатор на регионалната соработка според европски стандарди, и како таков е за доброто на целиот регион, за сите земји од Западен Балкан.

„Сите останати земји од регионот имаат отворена, јавна, директна и недвосмислена покана да се придружат. Ги охрабруваме сите од Западен Балкан заедно да придонесеме да имаме економски развиен регион, без пречки, без ограничувања, прилагоден целосно на потребите на нашите народи“, рече претседателот на Владата на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во обраќањето на тркалезната маса на тема „Економска интеграција на Северна Македонија во рамки на Западен Балкан и перцепцијата на извозно ориентираните компании за иницијативата Отворен Балкан“ во организација на тинк-тенк организацијата Аналитика и Фондацијата Отворено општество Македонија.

Во завршницата тој укажа дека ова истражување покажува дека „Отворен Балкан“ е на вистинската патека и дека податоците од него помагаат препораките да бидат преточени во конкретни акции, планови и резултати.

Би можело да ве интересира

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

Орце Костов

Почнува единствениот пазар на труд на Отворен Балкан

Горан Наумовски

Потпишани Протоколите за Слободен пристап до пазарот на труд во земјите од Отворен Балкан

БЕСА бара Владата да се огради од проектот „Отворен Балкан“

На иницијатива на Ковачевски Скопје, Белград и Тирана на еден ден ќе ги отворат меѓусебните граници

Ана Ололовска

Вучиќ по средбата со Ковачевски и Рама: Се договоривме да заврши процесот за осигурување на работните дозволи

Ана Ололовска