(ВИДЕО) Ковачевски: Инвестираме во современа патна инфраструктура

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми, извршија увид во изградба на експресен пат Градско–Прилеп, на втора фаза на потегот Фариш–Дреново.

Изградбата на експресниот пат Градско–Прилеп е поделена на три делници: Првата делница е Градско-Дреново каде што исто така се одвиваат градежни работи, втората делница е Дреново–Фариш и третата делница е проширување на патна делница од Прилеп до мост на Ленишка Река и изградба на трета лента на патната делница од село Беловодица до Каменолом Маврово, за што е во тек подготовка на тендерска постапка.

Како што информираат од владиниот прес-центар, од почетокот на мандатот, оваа Влада изгради и реконструираше над 1.000 км патишта. Со сите инвестиции, граѓаните патуваат полесно и побезбедно, а компаниите побрзо и поефикасно ги транспортираат своите производи и придонесуваат во економскиот развој на земјата.

„Ми претставува големо задоволство што денеска имаме можност да видиме дека интензивно се одвиваат градежните активности за изградба на експресниот пат Градско–Прилеп, кој е еден од најзначајните патни правци во државата каде дневно поминуваат и над 6 илјади возила од сите категории.

Една од поважните меѓународни рути која што поминува низ земјата и го поврзува регионот со останатиот дел на Европа, е Коридорот 10 и токму затоа, денеска со министерот Бочварски и директорот на ЈПДП Рустеми, извршивме увид во градежните работи на делницата Дреново-Фариш“, рече Премиерот Димитар Ковачевски.

„За изградба на втората делница од Дреново до Фариш која е со должина од 10,2 км, издвоени се 33,6 милиони евра со поддршка на Европската банка за обнова и развој.

Изградбата на експресниот пат Градско–Прилеп е поделена на три делници: Првата делница е Градско-Дреново каде што исто така се одвиваат градежни работи. Втората делница е Дреново–Фариш каде што сме денеска на увид. Третата делница е проширување на патна делница од Прилеп до мост на Ленишка Река и изградба на трета лента на патната делница од с. Беловодица до Каменолом Маврово, за што е во тек подготовка на тендерска постапка.

Конкретно на оваа делница каде што сме во моментот, работите се очекува да завршат следната година. Верувам дека доколку се продолжи со вакво темпо оваа фаза ќе биде завршена и пред рок, што значи дека граѓаните коишто интензивно го користат овој патен правец ќе го скратат времето на патување, а ќе возат по сигурна и безбедна делница.

Инаку, на само десет километри растојание во овој појас се градат два тунели, 21 мост, 5 подвозници, 11 потпорни ѕидови, еден кружен тек на локалниот пат со клучка кај Дреново и еден вијадукт, што говори за каков тешко пристапен терен станува збор.

Се наоѓаме пред еден од покарактеристичните објекти на трасата, а тоа е тунелот Фариш кој е лоциран на почетокот на Фаришката клисура и ова е најтешкиот дел од трасата. Тунелот на чие што пробивање во моментов се работи е составен од две цевки, и тоа лев тунел, во правец кон Прилеп со должина од 139 метри и десен тунел, кон Градско со должина од 159 метри“, изјави Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

Орце Костов

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска