(ВИДЕО) Костовски: Гувернерите на Народна Банка се под ингеренција на Хари Костов од Комерцијална

Од:

Еуростандард банка била намерно однесена во стечај и тоа бил планиран чин од сивата еминенција која владее со државата, обвини Трифун Костовски при презентацијата на резултати од истрагата за стечајот на Еуростандард банка.

– Јавното обвинителство, Антикорупциска и финансиска полиција беа уредно поканети, но не се дојдени што е знак дека нашата земја нема намера да се занимава со ова зло. Во мојата потсвест како инвеститор во банката не ми било цел да направам измама и да ја однесам мојата банка во стечај. Сакам да изнесам факти дека Еуростандард е убиена, односно однесена во стечај со умисла. Оној момент кога почнавме да трагаме по парите, каде се парите завршени, тогаш се донесе одлука од сивата еминенција која го владее економскиот живот во Македонија.

НБРМ го направи сатарот после вонредни парламентарни избори без формирани Собрание и влада. Претседателот Талат Џафери беше информиран за настанот, а тој рече дека бил прескокнат деловникот за работа на НБРМ – рече Костовски.

Тој рече дека нема да се повлече ниту од тврдењето дека фирми блиски до Зоран Заев биле дел од организираната шема да се уништи банката, односно многу фирми блиски до СДСМ повлекле кредити без покритие.
– Има симбиоза помеѓу Народна банка и Комерцијална банка, а тоа трае со децении назад. И промовирањето на гувернери на НБРМ е под ингеренција на Хари Костов од Комерцијална. А без банкарски сектор, организиран криминал немате – рече Костовски.

Слаѓана Тасева од „Транспаренси Интернешнл“ рече дека тоа што го има во извештајот е врв на она што се случува во банкарскиот сектор.

– Имавме недоволно информации за тоа што преземале надлежните органи и институции за оваа состојба да се спречи. Укажувавме на проблемите во банкарскиот сектор до обвинителството и до гувернерот на НБРМ, но ништо не беше преземено. Ова што ние го видовме во независниот извештај е само врв на она што се случува во банкарскиот сектор.Целта со извештајот е да предизвикаме реакции од институциите – рече Слаѓана Тасева.

Би можело да ве интересира

Здружение на оштетени штедачи: И по три години нема одговорност за Еуростандард банка

Фондот за осигурување депозити со известување до депонентите на „Еуростандард банка” АД во стечај со право на обесштетување

Трета лицитација за зградата на Еуростандард Банка, најдобра понудата на Пантелеон ГС

Трифун Костовски: Оркестрирано се брани корумпираниот систем

Орце Костов

За две години Финансиската полиција испратила 15 известувања со утврден криминал до Обвинителството за „Еуростандард“

Маја Илиевска-Пачемска

ЈО во врска со „Еуростандард“ банка: Јавното обвинителство е единствено надлежно да донесува наредба и да спроведува истражна постапка

Ана Ололовска