(ВИДЕО) Костадинов: Со ребалансот на Буџетот обезбедуваме помош за економијата и поддршка на важни локални проекти

Од:

„Ребалансот на Буџетот за 2020 година обезбедува навремена и ефикасна помош за работниците, ранливите категории граѓани, но и за компаниите погодени од коронакризата.

470 милиони евра изнесува четвртиот пакет антикризни мерки за помош на граѓаните и стопанството.

Од нив, 70 милиони евра ќе бидат наменети за поддршка на 83.000 работни места и субвенционирање вкупно 250.000 плати за месеците октомври, ноември и декември“, рече Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

„27,6 милиони евра ќе завршат кај 283.000 граѓани кои ќе добијат домашни платежни картички во вредност од по 6.000 денари.

Со ребалансот се поддржуваат и важни проекти на локално нови низ речиси сите општини.

120 милиони денари се наменуваат за реконструкција на Универзална сала во Скопје, седум милиони денари за реконструкција на Соколана во Куманово, шест милиони денари за изградба на кружни текови во Кочани, 20 милиони денари за нов систем за водоснабдување во општина Чаир, 15 милиони денари за изградба на основно училиште во населено место Црвица во општина Кичево.

Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ постојано ја следат состојбата со коронавирусот и носат суштински, навремени, ефикасни мерки за справување со економските и здравствените последици од коронакризата.

Овој ребаланс на Буџетот е токму во таа насока, ублажување на негативните последици врз економијата, предизвикани од коронавирусот.

Ребалансот на Буџетот значи помош за граѓаните, помош за нашата македонска економија. Затоа, сите пратеници овде во Собранието треба да покажеме одговорност и посветеност и да го донесеме ребалансот на Буџетот, тоа е во интерес и на граѓаните и на државата“, изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николов: Се решава проблемот со неисчистениот канален систем во Стар Караорман

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Тасевска: Со Буџетот за 2021 продолжуваме со социјалната реформа и санирање на последиците од коронакризата

Ана Ололовска

СДСМ: Буџетот за 2021 година обезбедува посилна поддршка за здравството и можности за брзо закрепнување на економијата

Ана Ололовска

СДСМ: Мицкоски продолжува со црна кампања против здравствениот систем и се однесува опасно по јавното здравје

Ана Ололовска

СДСМ: Предлог-Буџетот за 2021 година предвидува вложувања во јавното здравство, спас на работните места

Ана Ололовска

СДСМ: Мицкоски ги навредува докторите и го поткопува здравствениот систем

Ана Ололовска