(ВИДЕО) Костадинов: Со Планот за економски раст со околу 70 милиони евра поддржани се 800 компании

Од:

„Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев во континуитет е посветена на поддршка на домашната економија.

Освен помошта за спас на работните места, Владата ги помага и инвестициските подвизи во домашната економија.

Преку Планот за економски раст во изминатите три години со околу 70 милиони евра поддржани се 800 компании.

Од нив, 42 милиони евра се средства од Фондот за иновации и технолошки развој“, рече Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

„Ова се пари од Буџетот вложени директно во домашната економија, вложени во развој и отворање на нови добро платени работни места.

Државната помош освен што обезбедува сигурност, директно влијае и на долгорочен развој на компаниите и севкупната економија.

Економските политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултат и тоа е потврдено со бројни статистички податоци.

Се надминуваат поледиците од коронакризата, во изминативе месеци бележиме раст на просечната плата, раст на извозот и индустриското производство, додекa стапката на невработеност благо опаѓа.

Сето тоа се податоци што покажуваат дека денес македонската економија е стабилна, развојна и динамична.

Поддршката за домашната економија од страна на Владата предводена од СДСМ продолжува и понатаму. Во тек е реализација на мерките од петтиот и шестиот пакет економски мерки.

Како одговорна партија продолжуваме да работиме во интерес на работниците и стопанството.

Градиме силна развојна економија која обезбедува шанса за сите“, изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, СДСМ нема да се откаже од европската иднина на државата

Предраг Петровиќ

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

(ВИДЕО) Кузеска: Ги очекуваме резултатите, уверени сме дека граѓаните ќе ја поддржат европската иднина

Александар Тодески

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов

СДСМ: В среда, на 24 април граѓаните со својот глас за Пендаровски избираат европска иднина