(ВИДЕО) Костадинов: Од 1 јули започнува повратот на 15% од платеното ДДВ назад кај граѓаните

Од:

„Започна реализацијата на уште една значајна мерка од Програмата на Владата предводена од СДСМ која обезбедува враќање пари назад кон граѓаните.

Од 1 јули стартува проектот за поврат на 15% од платениот Данок на додадена вредност назад, кај граѓаните.

Со проектот Мој ДДВ право на поврат на пари ќе има секое лице над 15 години со важечка лична карта и трансакциска сметка“, рече Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Преку повратот на 15% од платеното ДДВ, секое семејство може да оствари приход плус на крајот од годината.

„Околу 50 милиони евра годишно ќе завршуваат во семејните буџети на граѓаните, преку реализацијата на оваа мерка.

Освен повеќе пари кај семејствата, со оваа мерка директно ќе се влијае на намалување на сивата економија и даночно затајување. Повратот на дел од ДДВ ќе ги охрабри граѓаните да побараат фискални сметки и со тоа да влијаат врз намалувањето на сивата економијата и даночната евазија.

Ова е крупна мерка, и е од исклучителен интерес за граѓаните.

Ветивме дека ќе ги намалиме трошоците, дека ќе обезбедиме повеќе пари кај граѓаните и тоа почитувани граѓани, ќе го реализираме.

Укинувањето на радиодифузната такса, воведувањето на евтината тарифа на струјата, растот на минималната и на просечната плата, зголемувањето на социјалната помош до 300 отсто, намалувањата на нотарските и извршителските трошоци, намалувањата на казните за физички лица до 75%, се само дел од досега спроведените мерки кои обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години земаше пари од граѓаните, ги задолжуваше граѓаните. Социјалдемократскиот Сојуз го прави сосема спротивното. Парите ги враќа назад, кај граѓаните“, изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

СДСМ: На Македонија и треба единство за членство во ЕУ, а не за мораториум

Митрески: Повисоки пензии, енергетски пакети и зимски регрес, пензионерите заслужуваат подобар стандард

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Тоа што ДУИ го критикува работењето на СДСМ, а СДСМ нема кажано ниту збор против ДУИ, докажува дека се нивни измеќари

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ