(ВИДЕО) Колева: Буџетот за 2021 е фокусиран на капитални инвестици и справување со здравствените и економски последици од коронавирусот

Од:

Предлог буџетот за 2021 година доставен од Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев е во насока на постигнување напредок во исклучително тешки моменти за глобална економија, со фокус на здравствениот систем, капиталните инвестиции, како и системска функционалност и поддршка на веќе започнатите реформи, изјави Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.

Доказ за тоа, додаде таа, е расходната страна од Буџетот која обезбедува поддршка на здравствениот сектор, односно заштита на здравјето на граѓаните, економско заздравување и овозможување на следен економски раст, поддршка на самата економија и зачувување на работните места, како и непречено финансирање на основните функции на државата.

„Со Буџетот за 2021 година, предвидуваме за 20 отсто повеќе средства за капитални инвестиции, за да придонесеме за поголем економски раст. Инвестициите во јавното здравство, во човечкиот капитал продолжуваат. Следната година предвидено е зголемување на платите за 10 отсто за сите здравствени работници“, рече Колева.

Пратеничката кажа дека за два и пол пати се зголемени капиталните инвестиции во образованието и деа со Буџетот за 2021 година се стимулираат нови инвестиции, поддршка на веќепосточеки комапнии, како и помош за отворање на нови работни места со што ја поттикнуваме конкурентноста и влијаеме на намлување на стапката на невработеност.

„Буџетот за 2021 година е во насока да одговори и на здравствените и на економските предизвици од коронакризата, но истовремено нуди можности за брз рестарт на македонската економија. Со него се обезбедува стабилизација на домашната економија и отвора перспективи за брзо враќање на претходните стапки на раст на БДП. Затоа е важно сите пратеници да го поддржат донесувањето на Буџетот за 2021 година за што побрзо да се надминат негативните последици од коронавирусот“, рече Колева.

Би можело да ве интересира

Митрески: Повисоки пензии, енергетски пакети и зимски регрес, пензионерите заслужуваат подобар стандард

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Тоа што ДУИ го критикува работењето на СДСМ, а СДСМ нема кажано ниту збор против ДУИ, докажува дека се нивни измеќари

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

СДСМ: Мицкоски едно зборува дома за уставните измени, друго надвор, не може да му се верува