(ВИДЕО) Јованчев: Лозарите се изманипулирани и излажани, лозјето скапува по нивите

Од:

„Владата на СДСМ и Зоран Заев ги опустошија лозарите. Иако ветуваа дека целото грозје во Тиквешијата ќе се откупи по минимум лански цени, во овој момент можеме да заклучиме дека лозарите се целосно изманипулирани, излажани и оставени на цедило од оваа ненародна и мафијашка власт.

Милиони килограми на грозје од сортата вранец кои се наоѓаат на стотици хектари лозови насади во моментов се необрани и скапуваат по нивите. Лозарите се оштетени со илјадници евра по домаќинство. Оваа година им се случува целосен економски колапс. Има фамилии на кои главната егзистенција им е лозарството. Во наредниот период стотици фамилии нема да имаат средства за да егзистираат воопшто, а најверојатно нема да можат да ги подмират и долговите кои ги имаат направено спрема земјоделските аптеки и водостопанство во оваа реколта“, рече Зоран Јованчев, Пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

„Пред дваесет дена кога се гласаше за избор на новата влада, на новото собраниско мнозинство му предложив под итно да се закажи собраниска седница на која ќе разговараме за проблемите во лозарството, меѓутоа нивниот шеф Зоран Заев во реплика ме убедуваше дека целото грозје ќе се откупи по лански цени, но Зоран Заев не би бил тој доколку тоа што го вети го реализира. Не знам веќе по кој пат ги излажа, па малку му беше што ги излажа на собраниска говорница, туку минатата недела дојде во Кавадарци и гледајќи ги во очи лозарите ги излажа, ги изманипулира и со своите постапки целосно ги уништува измачените и напатени лозари.

Во една од винариите блиска до власта грозјето од сортата вранец се откупува за седум и пол денари, а Смедеревката за шест и пол денари. Тоа е животот за сите кои им го ветуваа на лозарите во предизборието, а сега го реализираат на дело.

Затоа почитувани граѓани, оваа ненародна власт мора да си замине што поскоро за да повторно лозарите се чувствуваат сигурно и кога ќе дојде бербата на грозјето да биде празник за сите, а не да не знаат кој пат да го фатат. На лозарите и сите земјоделци главна обврска треба да им биде да направат добро произвоство, а на Владата треба да им биде обврска да им овозможат услови на сите земјоделци без проблем со пристојни цени да го продадат својот род. Со оваа ненародна власт, пристојните цени и сигурниот пласман се само утопија“, изјави Зоран Јованчев, Пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Сексистички навреди кон Силјановска на митингот во Куманово, Пендаровски се смее