ВИДЕО: Извршителите не смеат да наплаќаат до јуни, а наплатата на кириите за станови се одложуваат

Од:

Пратениците, претседателот на Собранието, директорите, министрите ќе земаат минимална плата од 14.500 денари, наместо досегашните над илјада евра за дел од нив. Оваа мерка е донесена од Владата поради кризата која е предизвикана од коронавирусот во економијата. За неа соопшти премиерот Оливер Спасовски, кој кажа и дека се одложува плаќањето на кирии од страна на граѓаните кон кираџиите.

„Плаќањето на закуп на социјалните станови ќе се одложи за сите корисници, како и закуп за граѓаните, додека за фирмите ќе има посебна одлука во однос на плаќањето на кириите за закуп кај сите закуподавачи“, рече Спасовски.

Извршителите пак, до јуни не смеат да наплаќаат побарувања од граѓаните.

„До крај на јуни не смее да има изврши дејствија. Не смее да се постапува по дадени налози од извршители до крајот на јуни. Ова нема да важи ако парите се легнати кај извршителтие и за случаи за алиментација за самохрани родители“, додаде Спасовски.

Советниците во општините нема да земаат надоместок за својата работа, освен оние кои се невработении и тоа им е единствен приход.

Спасовски соопшти и дека сите кои земаат авторски хонорари од државата, сега ќе земат половина од договорената сума, односно само 50 проценти.

Би можело да ве интересира

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Тошковски за поништувањето на неговите наредби: Во влада се тотално неинформирани, како не им е срам

Орце Костов

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

Орце Костов