(ВИДЕО) Истражување: Недоречености во Законот за ДДВ, потребна е јасна дефиниција што е стопанска дејност

Од:

Низа недоречености како што е разликување на инцидентната добивка на правно лице што ќе го надмине прагот од 1 милион денари, потоа добивка од членување во надзорни одбори, остварување на приходи преку експертиза а стекнати во културна дејност, социјалната заштита, образованието или работа со млади, се дел од дилемите што ги покажуваат резулатите од едногодишното истражување во рамки на проектот „Акција против данок плус“ спроведуван од Центарот за правни истражувања и анализи. Проектот е работен со поддршка и во соработка од Институтот за демократија „Социатас Цивилис“ од Скопје, а со финансиска поддршка од Европската Унија.

Во фокусот на овој проект е обврската за регистрација на данок на додадена вредност од страна на физичките лица во државата чиј промет во текот на една календарска година надминува 1 милион денари.

Овој проект бил започнат поради големите негодувања во јавноста, па тимот од правни експерти направил детална анализа за да се идентификуваат импликациите од оданочувањето на физичките лица со ДДВ. Насоките што произлегле од истражувањето беа изнесени денеска во хотелот „Холидеј ин“.

Според Јане Димески од Институтот за демократија, бројките покажуваат дека секој граѓанин и досега издвојува доволно средства за данок по различни даночни основи, но општиот впечаток е дека не сме сигурни во влијанието на регулативата за користење на ресурсите од данокот.

„По различни основи секој граѓанин издвојува прилично висока ставка на данок и придонесува за државната каса. Сепак, имаме впечаток дека постои голема несигурност околу тоа каде се трошат средствата и каков е бенефитот од очекуваните ресурси за граѓаните. Во овој домен ни е потребна влијание на регулативата и враќање на довербата“, смета Димески.

Според правниот истражувач Гоце Коцевски, има многу недоречености во оваа одлука и треба да се направат правни корекции.

„Потребни се јасни дефиниции за тоа што претставува стопанска дејност и дали секој приход што ќе го достигне прагот треба да биде подложен на ДДВ. На пример, оние средства стекнати од повремен приход како што се консултантски услуги, членувања во надзорни одбори и слично, може да се сметаат за толку профитни и и да бидат додатно оданочени. За да нема дилеми за владеење на правото треба да се допрецизира законот за ДДВ , во контекст на самостојност на стопанската дејнсот, видот на стопанската дејност, нејзината континуираност и да се специфира кои се основи ќе влезат во опфатот на ДДВ. Нема дилема дека данокот треба да се применува но мора да бидеме сигурни дека законските решенија се соодветни на владеење на правото за сите подеднакво“, истакна Коцевски.

Во однос на непрецизноста на законската и на подзаконската рамка во однос на дефинирање на поимите „даночен обврзник “ и „стопанска дејност“, во оваа анализа се поставуваат прашањата дали науката, културата, уметноста се исто така стопанска дејност.

„Стопанската дејнсот сама по себе бара перманентна и трајна основа, но има и други фактори кои влијаат. Најлесно е со прометот на добра, но уште покоомплицирано е со промет на услуги. Оттука е многу важно како Упрвата го спроведува законот, бидејќи во законот пишува дека за да биде стопнска дејност треба да има економски карактер, треба да има плаќање, значи да е под остварување профит, да се повторува делото, да биде планска активност итн. Значи треба да се земат сите елеманти, да се пресликаат во ситуација и конкретна ситуација да ја цени тој што е надлежен“, е забелешката од претставници на невладини организации.

Според правничката Елена Георгиевска, Министерството за финасии треба да се охрабри и да ги прифати заблешките на анализата за да нема во иднина бурни реакции во јавноста под ова прашање.

Во крајните заклучоци правните експерти посочуваат дека е сосема разумно да се очекува дека физичките лица за да го задржат интересот од нивно ангажирање, ќе го задржат износот на надоместокот ист, а ДДВ ќе го плаќаат од вкупниот износ со што даночниот товар ќе прејде на нив, а не на крајниот корисник што е спротивно на целта на ДДВ.

„Земајќи ја предвид и обврската за плаќање на персонален данок на доход, вкупниот даночен товар во овој случај може да достигне 26,2 отсто. За крај право на одбивка на претходниот данок ќе биде речиси невозможно да се стекне заради спецификите на овие дејности, одноно нејасно е кои добра и услуги ќе се сметаат користени заради вршење на дејноста“, сметаат експертите.

Во јануари 2018 година Управата за јавни приходи објави информација со која ги повика сите физички лица кои вршат стопанска дејност оданочива за целите на данокот на додадена вредност и кои во 2017 година оствариле вкупен промет над 1 милион денари да поднесат пријава за регистрација на ДДВ.

Ана Василева

Би можело да ве интересира

Продолжување на рокот за поднесување ДДВ-04 пријави и надградба на ситемот е-ПДД

УЈП ќе ги објави компаниите од нафтениот бизнис кои затајувале данок

Градоначалникот Ибраими се пофали дека арачиновци плаќаат данок: Општината веќе не е „црна овца“

Александар Тодески

Бугарија ги укинува таксите за транзит на рускиот гас кон Србија и Унгарија

Орце Костов

Ковачевски на Денот на даночници: Со ефикасен даночен систем и позитивни политики ја обезбедуваме финансиската стабилност на државата

Предраг Петровиќ

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила