(ВИДЕО) Илиевска: За само три месеци Владата го зголемила јавниот долг за една милијарда евра

Од:

„За само три месеци Владата го зголемила јавниот долг за една милијарда евра. Јавниот долг кој на крајот од првиот квартал оваа година изнесуваше 5,5 милијарди евра, за само три месеци се зголеми на 6,5 милијарди евра.

Тоа значи дека секое просечно семејство е задолжено за нови 2.000 евра јавен долг и тоа само за последниве три месеци! Ова е рекорден раст на јавен долг во Македонија за едно тримесечие, речиси 9 процентни поени.

„Со ова галопирачко темпо на задолжување веќе достигнавме 59,5% од БДП, но согласно Мастришките критериуми за влез во една земја во Европската монетарна унија, дозволуваат јавен долг од 60%.Со ова темпо на задолжување Македонија набрзо ќе го пробие овој критериум“, рече Анастасија Илиевска од ВМРО-ДПМНЕ.

„И покрај огромниот пораст на јавниот долг од една милијарда евра, проекциите се дека македонската економија годинава може да ја заврши со пад на бруто домашниот производ приближно на 10%, со што логично се отвора прашањето за која намена беа искористени овие пари?

Овие показатели се резултат на исклучително лошата економска политика на владата, задоцнетите и популистички мерки кои суштински не го помогнаа стопанството.

Во цела криза и немаштија дополнително се наметнуваат огромни давачки, како што е поскапувањето на струјата за цели 7,5%.

Очигледно е дека Македонија тоне. Пред избори се вршеше класичен поткуп на граѓаните со ваучери, а после избори го товарат секое семејство со поскапи сметки за струја за 200 евра на годишно ниво, 2.000 евра нов долг за три месеци, повисоки трошоци за живот и уништен стандард“, изјави Илиевска.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски