ВИДЕО: И четврт бурек стана луксуз

Од:

За се повеќе граѓани седнувањето во кафеана или ресторан стана луксуз. Се погладни усти, се попразни ресторани. Нискиот стандард, малите месечни примања и растот на цените не дозволуваат семејно да се седне и да се руча надвор од дома. Музика, добро друштво, мезе, па ручек за многумина се само добро сеќавање кое денес веќе е неостварливо.

Ваквиот тренд ќе продолжи со оглед дека и според најновите податоци на Државниот завод за статистика цените на угостителските услуги во државава за септември годинава се зголемиле за два отсто за разлика од истиот месец лани.

Од јануари годинава заклучно со септември има пораст на цените на угостителските услуги во однос на истиот период лани за 1,3 насто.

Оние кои ги прашавме не се ни сеќаваат кога последен пат седнале некаде на ручек, парите не им стигнувале ниту да се истера месецот и да се врзе крај со крај.

-Со двесте евра што ќе направиш? Дали за дома или за кафеана, што побрзо, изјави жител на Скопје.

Низ шега постарите граѓани објаснуваат дека единствено честење и задоволство е да се касне некогаш четврт бурек, а сите останати пари мора да се издвојат за невработените членови од семејството и за внуците. Зголемувањето на пензииите од пет проценти, граѓаните велат дека е смешно, бидејќи цените на храната и на сите услуги секојневно растат, а парите се помалку стигнуваат и за основните потреби.

Проблем за многумина претставува и собирањето на семејството дома на ручек, велат дека не им останаваат пари да се прослават како што треба ниту Велигден и Божик.

Бојан Стојановски

Би можело да ве интересира

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Угостителските услуги за една година поскапеле за 6,3 отсто

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он

Зголемен бројот на туристи

Угостителските услуги поскапи за 13,4 отсто во однос на лани

Горан Наумовски