(ВИДЕО) Груби од Прилеп: Ни свети Мицко нема да го запре проектот, качете се на возов кој оди кон Брисел

Од:

„Ова е среќен ден за сите наши граѓани“, рече првиот вицепремиер Артан Груби на поставувањето на камен темелникот на изградбата на автопатот Прилеп-Битола.

– Огромна благодарност до сите вработени до ЈПДП и посебна благодарнсот до американската амбасада во нашата земја која беше дел од проектот од првиот ден па се до денес.

Фактот дека апсолутното мнозинство во Собрание стои зад ова и граѓаните на Битола, Прилеп, Скопје, Тетвоо, Гостивар, Кичево, Охрид и Струга, значи дека ниту Мицкоски, ниту свети Мицко не може да го запре овој проект.

Следната влада која ќе биде истата денес, ќе го заврши овој проект и ќе ги пресече лентите и сите граѓани ќе се возат по неа – рече Груби облечен во маичка со бројот „10“ која ја означува коридорот 10.

Тоа што го направила Владата на претходната седница со предлог закони со европско знаменце за Груби, значи крај на блокадите на проектите за граѓаните.

– Од денес при изградба на вакви проекти упатувам порака дека е дојдено време од денес да ставиме стоп на блокадата на нашето европско интегрирање и нема никој нема да ни застанате на патот. Така што, подгответе се, качете се на овој воз кој оди кон Брисел и кој нема кој да го сопре.

Би можело да ве интересира

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Артан Груби имал две опомени за прекршување на етичкиот кодекс, Џафери ќе одлучува дали ќе го казни

Орце Костов

Жена од Прилеп се заканувала дека ќе запали кафеана

Горан Наумовски

Одрон на патот Прилеп – Витолишта, сообраќајот се одвива отежнато

А1он