(ВИДЕО) Георгиевски: Со 50 милиони евра градиме откупно-диструбитивни центри во Скопје, Ресен и Струмица

Од:

„Владата предводена од СДСМ продолжува со силни инвестиции во земјоделството кое е еден од најважните сектори. Следува нов значителен инвестициски циклус во земјоделскиот сектор кој е од голема важност за сите земјоделци.

Со проектот за модернизација на земјоделството во партнерство со Светска банка ќе се реализираат инвестиции за подобрување на конкурентноста на земјоделските производители, како и зајакнување на институционалните капацитети на земјоделскиот сектор за пристап до Европските фондови.

Вкупната вредност на проектот изнесува 50 милиони евра од кои 46 милиони се заем од Светска банка, а четири милиони евра грант од Европската унија“, рече Гоце Георгиевски, член на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.

„Главната компонента на овој проект е основање и изградба на откупно-дистрибутивни центри од поголем размер, на локации во Ресен и Струмица, како и логистичка агро платформа во Скопје. Со оваа инвестиција директно ќе се придонесе кон подобрување на квалитетот на земјоделските производи и воведување стандарди во земјоделското производство, со што ќе се зголеми вредноста и конкурентноста на земјоделските производи на меѓународните пазари, пред се во ЕУ.

Моделот на „креирање политики врз основа на докази“ кој ќе се воведе преку проектот претставува информациски систем за управување со земјоделско земјиште во државна сопственост, вклучително, меѓу другото, зајакнување на капацитетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за ефективно следење, проценка и креирање на политики засновани врз докази и управување со земјоделското земјиште во државна сопственост.

Со останатите подеднакво значајни компоненти ќе се реализира Инвестиција во најмодерен систем за безбедно отстранување на нуспроизводи од животинско потекло, односно кафилерија, во вредност од четири милиони евра кои се грант од Европската Унија. Со оваа инвестиција ќе се исполнат одредбите од Поглавјето 12 кое е важен дел од преговорите со Европската унија.

За зголемување на ефикасноста во спроведување на европските фондови, поточно ИПАРД програмата, ќе се инвестира во инфраструктурата и опремувањето на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Покрај овие компоненти, во рамки на проектот ќе се спроведат активности за подобрување на пристапот до обуки и советодавни услуги за сите земјоделски стопанства во кои спаѓаат низа активности за директна комуникација со земјоделците за прилагодување на сортовата понуда според побарувачката на Европската унија, воведување на ГлобалГАП стандарди, развој на органското производство и промоција на агротехнички мерки за борба против климатските промени.

Со оваа компонента ќе се поддржи формирањето на едношалтерскиот систем на советодавни услуги во земјоделството, чие воведување има за цел да ја подобри одржливоста на откупно дистрибутивните центри кои ќе се изградат во Ресен, Струмица и Скопје.

Ова се сериозни инвестиции со кои ќе се унапреди земјоделското произодство, ќе се зголеми неговата конкурентност и ќе се олеснат условите за работа на земјоделците.

СДСМ продолжува со мерки и политики кои значат поддршка на земјоделството и вистинска грижа и помош за земјоделците“, изјави Гоце Георгиевски, член на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија

Горан Наумовски

СДСМ: Нема промена во ДПМНЕ, над 80 отсто од листите се истите пратеници кои спроведуваа активни блокади

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Формирана „Коалиција за европска иднина“

Предраг Петровиќ

СДСМ: Безбедни ученици, бесплатен топол оброк во средно и основно

Горан Наумовски

СДСМ: Платформа од минатиот век се нови лажни ветувања на ДПМНЕ по пример на Скопје