(ВИДЕО) Георгиевска: Растот на просечната плата од 10 отсто е потврда за успешните економски политики на владата

Од:

„Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев во континуитет преземаат ефикасни економски мерки, кои резултираат со економски раст и развој. Во овие четири години платите постојано растат во сите сектори.

Според официјалните податоци, просечната плата за месец април 2021 изнесува 28.438 денари. Тоа е раст од 10,1 отсто во однос на истиот месец 2020 година“, рече Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ.

„И во време на пандемија, светска економска и здравствена криза, платите не стагнираа, туку напротив, продолжија со растот.

Тоа е потврда за успешноста и навременоста на антикризните мерки и одговорните економски политики на Владата предводена од СДСМ.

Преку реални, остварилви проекти градиме стабилна, динамична економија и можности за забрзан економски раст.

Наша цел како владејачка партија е да го оствариме ветувањето дадено пред граѓаните, за минимална плата од 18.000 и просечна плата од 36.000 денари до крајот на овој мандат.

Тоа и ќе го реализираме. Во овие четири години покажавме дека за нас, зборот е збор и тоа ќе го потврдиме и во иднина.

Остануваме посветени на помош и поддршка на економијата, помош и поддршка на сите работници“, изјави Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Обезбедуваме целосна инклузија на децата со попреченост, вработување на 500 образовни асистенти

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Лазаревска: Обезбедуваме вклученост на децата со попреченост во редовната настава со вработување на 500 образовни асистенти

Ана Ололовска

СДСМ: Инвестициите во инфраструктурата продолжуваат со засилена динамика, градиме патишта за побезбеден и побрз сообраќај

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Чаракчиев: Силно инвестираме во инфраструктурата, се гради низ целата држава

Ана Ололовска

СДСМ: Конкретните мерки за заштита на светското наследство на Охридскиот Регион се препознаени и уважени од УНЕСКО

Ана Ололовска

СДСМ: Економските политики на Владата даваат резултат, јавниот долг се намалува, растат платите

Ана Ололовска