ВИДЕО: Фондот за иновации подели 4,2 милиони евра на 69 домашни компании

Од:

Корисници на средства од последниот Јавен повик за кофинансирани грантови за технолошки развој ќе бидат 69 компании кои самите учествуваат со вкупен износ од 10 милиони евра, а Фондот учествува со 4 милиони евра.

„Во рамките на овој повик, во вкупен износ од 14 милиони евра, со 4 милиони учествува ФИТР, додека приватниот сектор со 10 милиони евра. На овој јавен повик се поддржани 69 компании кои се подготвени со нашата минимална поддршка да инвестираат во економијата и во економското заздравување на државата“, рече Јован Деспотовски на денешната прес конференција.

Деспотовски нагласи дека во најголем процент поддржани се се микро и мали компании додека само 2 отсто од нив се големи компании. Според него позитивен показател е дека банкарскиот сектор што беше критикуван во изминатиов период исто така е присутен во компаниите кои се подготвени да инвестираат средства за развој на економијата.

„Банкарскиот сектор беше изложен на критики но банките учествуваат во голем дел. Повикот беше пред кризата, и во овој модел покрај државата учествуваат и банките и компаниите. За секое евро јавни средства има 2,2 средства кои самите ги вложуваат. Не се сите фирми спремни на ова но има здраво јадро кое ќе го ослободи капиталот и финансискиот потенцијал. Од вкупниот износ 4,5, одобрени се 97 проценти. Компаниите што нема да добијат ќе добијат препораки за да се произнесат со соодветна документација, ќе бидат повторно разгледани“, кажа Деспотовски.

Од вкупно 69 компании, 36 се поддржани во редовна 33 се од скратена постапка. Меѓу нив 38 компании се компании кои се јавуваат по втор пат, и според Деспотовски се развива култура на упорност и овие коммпании покажуваат дека има доверба во Фондот за инвестициски развој.

По големина на компании доминираат малите и микро а 10 се макрокомпании, поддршка добиле и 11 Приватни здравствени установи. Половина од апликантите се од Скопје. Во структурата на управители-апликанти има мал број на жени.

„Верувам дека жените се поподготвени за преземање на деловни ризици но во овој момент само 29 се жени. Се надевам дека во иднина же бидат охрабрени повеќе“, рече Деспотовски.

Во 2019 година компаниите што се финансирани од државниот буџет, по однос на пресонален данок, данок на добивка и придонеси вратиле 16.727 милиони евра. Овие компании вратиле 3 милиони евра повеќе од 2018 година.

„За споредба дека минатата година 9,5 милиони евра према компаниите, во голем дел речиси за секое евра скоро две се вратени назад. Во однос на аналитиката за податоци за категории, за истражувана група на компании, регистриран раст од 11 проценти, бруто добивката 73 отсто. Компаниите што добиваат поддршка стануваат поконкурентни, добивката е кај вработените, оние кои веќе работат добиваат 10 отсто поголема плата“, додаде Деспотовски.

Исплатата на поддршката за кофинансиарање ќе почне откако компаниите ќе ги вложат сопствените средства.

Би можело да ве интересира

Иноваторот Ангелков: Работиме на 20 респираторни машини кои ќе помагаат при дишење во болници и во домашни услови

Ана Ололовска

380 компании заинтересирани за грант за брзо закрепнување од Ковид-19, предност имаат раководените од жени

Маја Илиевска-Пачемска

(ВИДЕО) Деспотовски: Нема поклон пари, компаниите кои ќе имаат добивка ќе ги враќаат парите добиени од државата

Маја Илиевска-Пачемска

ФИТР: Вкупно 39 училишта во финална селекција на „Предизвик за млади истражувачи 3″

Ана Ололовска

Временска банка – дигитална платформа за плаќање за извршена услуга со време

Ана Ололовска

ФИТР креираше инструмент за економско заздравување на домашните компании во посткризната фаза

Ана Ололовска