(ВИДЕО) ЕВН ќе ги исфрли општините, казината и супермаркетите од регулираниот пазар, Бектеши ги пријави во финансиска полиција

Од:

Универзалниот снабдувач ЕВН Хоме ќе ги исфрли од регулираниот пазар сите фирми и општини кои во последните седум месеци го злоупотребија енергетскиот систем и плаќаа цена како домаќинства.

Министерот за економија, Крешник Бектеши најави дека тие имаат рок до 1 декември сами да излезат од пазарот, во спротивно универзалниот снабдувач ќе преземе обврска да ги отстрани и тие да продолжат да купуваат струја на слободниот пазар.

– Злоупотребите што го направија компаниите и општините, а кои нашето министерство ги детектираше уште во месец март веднаш по почнувањето на енергетската криза, ќе завршат наскоро. Сите имаат рок до 1 декември да се исклучат од регулираниот пазар, после тоа ЕВН ќе преземе обврска да ги отстрани. Ние како министерство доставивме извештаи со сите компании до финансиската полиција.
Нивната цел беше да избегнат плаќање на ДДВ од 18% затоа што на регулираниот пазар ДДВ е 5%. Финансиска ќе ги гони сите фирми кои во период од седум месеци го злоупотребија енергетскиот систем – рече Бектеши.

Тој додаде дека од 100 компании кои се префрлиле на регулиран пазар, некои имале право да го направат тоа, а некои не.

– На листите има и големи фирми со над 50 вработени и казина и супермаркети – кажа Бектеши.

Министерот истакна дека граѓаните ќе обијат празнични цени на основните прехранбени производи по склучувањето на договорите на малите компании со ЕВН продажба, најави министерот за економија, Крешник Бектеши.

Се очекува да бидат потпишани околу 1.000 договори со компаниите кои произведуваат храна, училиштата и малите фирми кои добија можност да купат струја по повластена цена од ЕВН Продажба. Меѓу нив се околу 600 пекари и тоа треба директно да влијае врз цената на намалување на лебот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Новите сметки донесоа гнев – зошто повеќе пари за пренос отколку за потрошена струја?

Туширањето со тенок млаз и готвењето во мало тенџере дадоа резултат: Домаќинствата заштедиле над 15 отсто струја

Орце Костов

СДСМ: Енергетска трансформација е во тек, нови 150 мегавати од обновливи извори

Владата фатена во лага, не субвенционира 73% од сметките за струја, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Владата ја поскапува струјата, цената на евтината тарифа се зголемува повеќе од дупло

Ана Ололовска

РКЕ ја намали цената на струјата за да не се почувствува враќањето на ДДВ од пет на десет отсто

Орце Костов