(ВИДЕО) Делев: Со зголемувањето на акцизата на нафтата, владата ќе одземе по една просечна плата од семејство

Од:

Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција рече дека со зголемувањето на акцизата за нафтени деривати ќе се покачат основните трошоци за живот на граѓаните.

– Станува збор за производ чија побарувачка не е еластична, а нафтените деривати се производ без кој не се може во секојдневниот живот. Највеќе на удар ќе бидат земјоделците, таксистите, авто превозниците, транспортните компании, но зголемен трошок ќе се одрази и преку покачување на цената на чинење на други производи кои се за широка потрошувачка, а преку кој стопанствениците ќе сакаат да го надокнадат зголемиот трошок за нафтени деривати. Домино ефектот е неминовен, рече Делев.

Тој додаде дека проценките се дека зголемената акциза на годишно ниво едно просечно семејство ќе го чини речиси колку една просечка плата, од 20 до 22 илјади денари.

– Најзагрозени од мерката на владата се семејствата кои користат дизел автомобил, кои се занимаваат со земјоделие, кои имаат грејни тела кои се на енергенс базиран на овој нафтен дериват или мазут. Сето ова дополнително се сосема реално зголемување на цените на останати производи кои ќе бидат резултат на домино ефект од оваа мерка на владата, на семејствата владата ќе им земе по просек 20 илјади денари или речиси една просечна плата, вели Делев.

Тој заклучи дека владата на секое семејство преку оваа мерка ќе му одземе по една просечна плата секоја година.

– Уште пострашно е што најавуваат и зголемување на персоналниот данок и на данокот на додадена вредност. Тоа е трошок плус за секој граѓанин. Со оваа мерка владата директно ја загрозува економската сигурност на домаќинствата, става рака во џебот на семејствата за да ја полни буџетската каса. А, притоа нема ниту почеток, ниту најава за некакви нови капитални проекти. Ова е економска политика против интересите на граѓаните. Ова е политика на осиромашување на граѓаните. Ветуваа живот, донесоа сиромаштија, рече Делев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Димитриевски: Исклучувам постизборна коалиција со СДСМ, дел од раководството треба да одговара

Александар Тодески

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски е извор на говор на омраза, тој се смееше и аплаудираше додека активист на СДС ја навредуваше Силјановска

Мисајловски: Куманово има преубава позитивна енергија која води до Силјановска Давкова

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалот на СДС и ДУИ носи негативни извештаи, Фридом хаус констатира назадување во борбата со корупцијата и влијанија во судството

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Повторно фалсификати од школата на Асаф, класична монтажа – единствен кој злоупотребува болни е СДС

Мицкоски: Ромите биле, се и ќе останат значаен чинител на македонското мултикултурно општество

Орце Костов