(ВИДЕО) Данев: Со новите даноци и административни бариери ќе дојде до намалување на економската активност

Од:

Драган Данев денеска во изјава за медиумите рече дека предлог Буџетот на СДСМ бил неразвоен и го зголемувал буџетскиот дефицит за нови 300 милиони евра, што ќе треба да се покриваат со нови задолжувања.

– Тоа ќе значи продлабочување на буџетската дупка повеќе кредити, а помалку пари кај граѓаните. Нови кредити, кои со камата ќе ги враќаме сите ние заедно и нашите деца, пари кои не знаеме каде ќе се трошат. Буџетот и покрај тоа што е најголем во историјата на Република Македонија не е насочен кон развој, туку кон стагнација, во предлог буџетот не се предвидени пари за покачување на платите, пензиите социјалната помош, субвенциите и капиталните расходи. Граѓаните се извисени. Заев од старт кажа дека новиот буџет нема да има развојна компонента, туку ќе се финансираат основните функции и ќе се обидат да ги реализираат капиталните инвестиции. Нас не ни треба обид, нас не ни треба половичен успех, нас ни требаат поголеми и 100% реализација на капиталните инвестиции започнати од ВМРО-ДПМНЕ, рече Данев.

Тој кажа дека е нереално да се очекува 3,2 отсто економски раст, кога државата во оваа година едвај ќе заврши со 0,5 отсто раст. Според Данев, новата влада најавува поголеми даноци, поголеми административни бариери и додатно трошоци за граѓаните и бизнис секторот, па наивно е да се верува дека тоа ќе донесе економски раст.

– Треба да очекуваме намалување на економската активност, намалување на паричната маса и нов бран на отпуштања. Светска Банка и ММФ ја прават проекцијата врз основа на моменталните политики и мерки, а новата влада веќе најавува нови рестриктивни мерки. Владата на ВМРО-ДПМНЕ најавуваше зголемување на платите на целиот јавен сектор во висина од 5%, новата влада на СДС има селективен пристап и ги зголемува платите само во некои јавни сектори и тоа не според динамиката и обемот кој го најавуваа пред изборите. Тоа е нефер третман и еден доказ дека новата влада има проблеми со буџетот и намалена економска активност. Тоа значи намален економски раст, вели Данев.

Тој додаде дека новата влада ги излажала пензионерите и дека нема покачување на пензиите.

– Владата на СДС го стопира и гасоводното поврзување со Грција. Тогаш од каде планираат носење на овој енергенс и по која цена? Дали ова значи стопирање и на целиот процес на гасификација. Нема ниту гас, ниту почист воздух како што најавуваа. Заев потврди дека субвенциите се намалени и дека субвенции ќе земаат само земјоделците кои оствариле поголемо производство, без да прецизира колкава ќе биде сумата која ќе ја земаат земјоделците кои поради оправдани причини нема да можат да остварат поголемо производство од претходната година, рече Данев.

Според него, новиот буџет не треба само да биде проткаен со по некоја активна мерка и милион или два за вработување, туку негова основа треба да бидат вработувањата и силниот економски раст, развојот на инфраструктурата и зголемување на платите.

– Новиот буџет е пример за лицемерието на СДС и нивната негрижа за граѓаните. Откако ќе ги изанализираме сите апекти на буџетот во наредните денови ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со прецизна анализа и свои предлози, рече Данев.

Би можело да ве интересира

Николоски: Во следните две недели ќе продолжиме да работиме уште поинтензивно за уште поголема победа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, Македонија повторно ќе биде горда и твоја

Горан Наумовски

Мицкоски: Мислеа дека си имаат работа со мали деца, победуваме со повеќе од 170.000 гласови разлика

Орце Костов

Се слави пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ: Забележани се случаи на семејно гласање и притисоци во Сарај

Орце Костов