(ВИДЕО) Данев: Наместо да скрати на непродуктивните трошоци, СДС буџетските дупки ги покрива со покачување на акцизите

Од:

Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција рече дека зголемувањето на акцизата на горивата за 3 денари по литар, заедно со ДДВ, претставува покачување за 3,54 денари за литар нафта.

– СДС продолжува да ги ограбува граѓаните. Расипништво и неспособноста на СДС ќе ги покриваме сите ние со зголемување на давачките за нафтените деривати. Владата на СДС од ден во ден тоне во своите лаги. Наместо да скрати на непродуктивните трошоци, СДС одлучи буџетските дупки создадени од расипничкото и неосновано трошење да ги покрие со покачување на акцизите на горивата. СДС ги излажа граѓаните кога ветуваше дека нема да има покачување на давачките. Покачувањето на даноците е одговор за покривање на буџетската дупка создадена со неспособноста на СДС за водење на економска политика, рече Данев.

Тој рече дека зголемувањето на акцизата на горивата ќе значи директно ставање рака во џебот на граѓаните и одземање на пари од семејниот буџет.

– Тоа ќе значи директно ставање рака во џебот на земјоделците или фирмите каде цената на горивата е еден од најважните инпути. Најмногу ќе настрадаат земјоделците кои наместо зелена нафта, добија покачување на акцизата и на цената на нафтата. Ќе настрадаат и сите граѓани, бидејќи зголемената цена на нафтата значи отворање на спиралата на инфлацијата: повисоки цени на превозот, повисоки цени на прехранбените и сите други производи. Зголемените трошоци за фирмите ќе значат намалување на конкурентноста на македонските компании на меѓународно ниво, бидејќи со одлуката на црното економско трио на СДС, за разлика од нивните конкуренти ќе треба да одвојуваат повеќе пари за акцизи. Се ова неспособната влада на СДС го прави само за да ја покрие својата неспособност и расипништвото, додаде Данев.

Тој рече дека доколку едно семејство троши 100 литри гориво месечно сега ќе плаќа 354 денари повеќе, што во период од 1 година се 4.248 денари.

= ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека ќе дојде до покачување на даноците, СДС негираше и ги лажеше граѓаните дека ќе им враќале пари од ДДВ. Сега гледаме дека нашите предупредувања се остваруваат. СДС ги покачува давачките, но тие ќе продолжат и понатаму да растат. Владата на неспособниот Зоран Заев наместо „подобар живот“ донесе покачување на даноците, намалување на платите и пензиите, и енормно задолжување без притоа да одговори на што се потрошени стотиците милиони евра, кои сега ќе ги враќаме со покачените даноци. Покачувањето на цената на акцизата на горивата ќе значи и поголем трошок за повеќе производи кои директно зависат од цената на горивото, како транспортните услуги, градежните услуги, па дури и цената на лебот и прехранбените продукти, тоа ќе ја отвори спирала на покачувања што неминовно и ќе ја забрза и онака отпочнатата растечка инфлација и ќе ја донесе државата на колена, вели Данев.

Тој кажа дека разликата помеѓу економската програма на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ станува се поочигледа, бидејќи владата на ВМРО-ДПМНЕ, како што кажа, дури и во најголемата економска криза, не ги зголеми даноците и товарот не го префрли врз грбот на фирмите и граѓаните.

– За разлика од нас, неспособната власт на СДС одлучи да ги крева даноците и полнењето на буџетот дополнително да го натовари на грб на граѓаните и стопанството. Недозволиво е оваа влада да ги задолжува граѓаните на Република Македонија и да ја турка во банкрот, за да трошат пари на непродуктивни работи. Нивните лични луксузи и вдомувањето на партиските војници не смее да биде на трошок на граѓаните. СДС мора да одговара за неоснованото задолжување на државата и осиромашувањето на граѓаните. СДС ќе сноси одговорност за пропастот на економијата, рече Данев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, Македонија повторно ќе биде горда и твоја

Горан Наумовски

Мицкоски: Мислеа дека си имаат работа со мали деца, победуваме со повеќе од 170.000 гласови разлика

Орце Костов

Се слави пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ: Забележани се случаи на семејно гласање и притисоци во Сарај

Орце Костов

Мисајловски: Сплотени, сите заедно од Шуто Оризари порачуваме дека на 24 април победува Силјановска Давкова

Орце Костов