(ВИДЕО) Царовска: Има компании кои и во услови на корона кризата работат со успех и инвестираат во објекти и нови технологии

Од:

Има компании кои и во услови на корона кризата работат со успех и инвестираат во нови објекти и технологии, а за 22 илјади компании кои работат со загуби обезбедивме сериозна поддршка за исплата на плати на 122.000 вработени, порача вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, по посетата на компанијата „Техно гума“ во во индустриската зона Пинтија, заедно со градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски.

Вицепремиерката Царовска го истакна своето задоволство што оваа фирма, дури и во услови на криза, не извршила намалување на бројот на работници и притоа го задржила истото ниво на плати.

– Во разговорот со претставниците на компанијата беше истакнато дека за нормалното продолжување на работниот процес од клучно значење е напорот на Владата да се обезбеди непречен транспорт на стоки во време на пандемијата и со тоа да се овозможи трговска размена со сите главни партнери на нашата држава. Оваа компанија извезува во Германија и дури имаат зголемен процент на извоз во овој период, затоа што нивните производи се квалитетни. Но, исто така тие продолжуваат понатаму, инвестираат во технолошки развој и во нови градби и исто така очекуваат поддршка во тој дел, рече Царовска.

Сметам, додаде, дека ние како Влада како и досега, така и понатаму обезбедуваме континуирана поддршка на сите компании коишто сакаат да се развиваат и да ги пласираат своите производи надвор од нашата држава.

– На тој начин ја развиваме нашата економија, којашто во овој период покажа дека може да се одржи во добра кондиција иако сме во една пандемија и во социо-економска криза. Сметам дека компанијата покажува дека сите компании во нашата држава можат да се справат со предизвиците, но исто така морам да кажам дека оние компании коишто не можеа или кои се соочија со немање на ликвидност во нивните компании добија поддршка од Владата. Повеќе од 22 илјади компании се такви, за 122.000 работници обезбедивме минимална плата од 14.500 денари, за да не се затворат работните места што беше и приоритет во периодот на справување со ковид кризата, потенцираше Царовска.

Градоначалникот на Кисела вода, Филип Темелковски рече дека компанијата „Техно гума“, постои повеќе од три децении и посочи дека општината и централната власт во периодот на кризата предизвикана од коронавирусот имаат обврска да им помогнат на компаниите да се вратат на патеките на успехот.

– Нашата општина во соработка со Владата, ќе ги следи сите современи текови, ќе бидеме достапни до сите компании, за нивните потреби и ќе гледаме колку е можно повеќе да им излегуваме во пресрет. Еден од начините за финансирање на општините е токму преку бизнис секторот, преку нивните даноци. Само со успешни компании, општината Кисела вода може да оди напред, да се развива правилно и брзо и да го достигне нивото на општина со европски стандарди, нагласи Темелковски.

Вицепремиерката Царовска и градоначалникот Темелковски денеска реализираа посета на компании кои работат во општината Кисела Вода, каде разговараа со нивни претставници за Владините мерки за поддршка на стопанството во услови на корона кризата, како и за генералните владини политики за економски раст и развој.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов