(ВИДЕО) Богов: Штедните влогови растат и во криза

Од:

Гувернерот на Народната банка Димитар Богов во неделното интервју на Радио Слободна Европа, вели дека се охрабрени од податоците за вториот квартал за оваа година за Бруто домашниот производ, кадешто после шест квартали на негативни резултати, конечно беше остварена позитивна стапка на раст.

Очекува тоа да продолжи и во наредниот период, свесни се дека тој раст во еврозоната и во Европската унија, сè уште е многу слаб и многу ранлив, сè уште таму постојат ризици, но оптимизмот, вели е тука, индикаторите коишто секојдневно излегуваат од економијата на еврозоната се главно позитивни, така што очекувањата се дека тоа соодветно ќе се одрази и на растот во македонската економија.

„За оваа година нашата проекција сè уште е 2,2 проценти раст, но по објавувањето на податоците за вториот квартал за БДП, веројатно ќе дојде до поместување нагоре. Ние сега ја започнуваме новата рунда проекции којашто ќе биде готова некаде кон крајот на октомври, меѓутоа за очекување е дека растот на Бруто домашниот производ оваа година веројатно ќе биде над 3 отсто“, вели Богов.

Според податоците на Народната банка, забележан е раст на штедните влогови.

Богов посочува дека депозитите континуирано растат кај нас, дури и во најтешките моменти на глобалната финансиска криза почетокот на 2009 година ние имавме пораст на депозитите.

Инфлацијата вели гувернерот не е проблем, бидејќи таа е на доста умерено ниво, 2,8 проценти е последниот податок за август и очекува за целата година, да имаме просечна инфлација од околу 2,8 проценти.

Повеќе од видеото.

Би можело да ве интересира

Прво намалување на цените на становите после четири години раст

Орце Костов

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите

НБ: Инфлацијата се намалува, економскиот раст под проектираниот

Горан Наумовски

Граѓаните ќе можат бесплатно да проверат колку се кредитно изложени: Нова алатка на Народна банка

Орце Костов

Во Македонија се помалку се плаќа во кеш: Раст од 20 отсто кај плаќањето преку мобилен

Орце Костов

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата и натаму ќе се намалува, но потребни се структурни реформи за да станеме поотпорни на шокови