(ВИДЕО) Бочварски: Со ребалансот се остваруваат ветените мерки што носат квалитетен живот за сите граѓани

Од:

„СДСМ и новата реформска Влада се зафати со решавањето на проблемите на граѓаните на Штип и цела Македонија. По само 60 тина дена ќе биде донесен ребалансот на буџетот на Република Македонија со што повеќе пари ќе се вратат назад кај граѓаните.

Со ребалансот се кратат непродуктивните трошоци и луксузи од претходната Влада и повеќе пари се наочуваат кон граѓаните. Со одговорното и домаќинско работење на владата предводена од СДСМ, се кратат 33 милиони евра за патни трошоци и тековни расходи, 13 милиони евра за проектот Скопје 2014 и 7 милиони евра во премиерскиот кабинет. Овие средства се ослободуваат за исполнување на дадените ветувања пред граѓаните.

Како што вети, Владата предводена од СДСМ уште во првите сто дена од мандатот го решава долгогодишниот проблем со стечајните работници. Со ребалансот, тие ќе добијат по 7600 денари месечно се до нивното пензионирање. Ќе има покачување на минималната плата на 12 илјади денари веќе од септмеври. Тоа ќе значи повисок месечен приход за 70 илјади работници, особено во текстилната, кожарска и индустријата за обувки кои се најбројни токму тука, во Штип. Ќе се обезбеди бесплатен одмор за 35 илјади текстилни работници. Радиодифузната такса ќе биде укината за сите граѓани, а ќе има зголемување на средствата за водоводи и канализации, како и поддршка за мали и средни претпријатија и активни мерки за вработување во висина од 4,2 милиони евра.

Ова се само дел од придобивките за граѓаните на Штип и цела Македонија. Продолжуваме понатаму, чесно, одговорно и транспарентно. Во наредниот буџет за 2018 година ќе продолжиме да ги остваруваме нашите мерки кои се исклучиво во интерес на сите граѓани на Македонија. Владата предводена од СДСМ ќе продолжи на активно и посветено спроведување на програмата за којашто гласаше мнозинството граѓани и што носи економски напредок, ефикасни институции, правда и квалитетен живот за сите граѓани“, изјави Благој Бочварски, потпретседател на СДСМ и пратеник во Собранието на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија

Горан Наумовски

СДСМ: Нема промена во ДПМНЕ, над 80 отсто од листите се истите пратеници кои спроведуваа активни блокади

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Формирана „Коалиција за европска иднина“

Предраг Петровиќ

СДСМ: Безбедни ученици, бесплатен топол оброк во средно и основно

Горан Наумовски

СДСМ: Платформа од минатиот век се нови лажни ветувања на ДПМНЕ по пример на Скопје