(ВИДЕО) Антовски: Граѓаните ќе плаќаат поскапа струја од септември, затоа што Заеви ги испразниле касите на ЕЛЕМ и МЕПСО

Од:

„Поради неодговорните и неспособни политики на СДСМ, но и криминалните тендери во РЕК Битола, преку кои милиони завршија на сметки на приватни фирми, од септември следува поскапување на цената на струјата.

СДСМ го изманипулира народот во предизборието и неколкукратно ги одложуваше одлуките на Регулаторната комисија за енергетика, за истата да донесе одлука по изборите, дека од септември ќе следува зголемување на цената на струјата.

Ваквото покачување е резултат на загубите на ЕЛЕМ и МЕПСО. Што пак од друга страна е показател на нестручниот и недомаќински начин на управување со овие државни претпријатија.

Кога ВМРО-ДПМНЕ ја предаде власта на СДСМ, АД ЕЛЕМ имаше депозит од 1.5 милијарди денари, за сега да зборуваат дека се во загуба и дека поради тоа граѓаните треба да плаќаат поскапа струја. Срамота!“, вели Стевче Антовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Не само што не го зачуваа тоа што им беше оставено, туку и книжат загуби, кои од септември ќе треба да ги плаќаат граѓаните.

Граѓаните не се должни да плаќаат поскапа струја за Зоран и Вице Заев да можат да делат тендери во РЕК Битола и да вработуваат партиски војници во АД ЕЛЕМ и МЕПСО, каде само пред избори вдомија над илјада лица блиски до нив.

Апелираме да запре недомаќинскиот однос на СДСМ со државните претпријатија и имотот на граѓаните на Република Македонија.

Регулаторната комисија за енергетика пред да пристапи кон покачување на цената на струјата треба да знае дека граѓаните се најмногу погодени од корона кризата.

И затоа, пред да одлучат за покачување на цената на струјата, што треба да го полни буџетот на ЕЛЕМ и МЕПСО, за повторно да има пари за матни тендери, потребно ќе биде да направат добра анализа за работењето на менаџерските раководни тимови на сите енергетски компании. На тој начин, наместо да бараат од народот да го надомести она што компаниите не успеаа да го заштедат во време на корона криза, треба само правилно да ги анализираат трошоците на сите енергетски компании, а не безрезервно да им ги оправдуваат.

Наместо Регулаторот да ги оправдува трошоците на компаниите, потребно е да им наложи на нивните раководни структури да направат подлабоки резови и оптимализација на работењето во услови на ваква криза“, изјави Стевче Антовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски