(ВИДЕО) Анѓушев: Во програмските определби поставивме најголем дел од целите на агендата 2030

Од:

Заменикот на претседателот на Владата за економски прашања, Кочо Анѓушев присуствуваше на церемонијата за доделување на наградите „Предводници на Целите за одржлив развој“, што се одржа за првпат во нашата земја, како дел од проектот „Градење меѓуресорски партнерства за одржлив развој“. Проектот е спроведен од организациите „Konekt“, „Agora“ и „Network Bulgaria“, а е поддржан од УНИЦЕФ и Делегацијата на Европската Унија. Обраќајќи се пред добитниците на наградите, претставници на компании, поединци и млади бизнис лидери, вицепремиерот ја истакна важноста на исполнувањето на овие цели и улогата што овие компании ја имаат.

„Најдоброто е да создадете општество во кое ќе има правда за сите и добри услови за сите. Тоа е и целта на исполнувањето на овие цели за одржлив развој, дали е возможно, сигурно е, а дали е лесно, секако не е лесно. Одговорноста да се постигне тоа падна на тие што ја преземале одговорноста да ја водат оваа држава, на сегашната влада и на сите следни влади. Агендата 2030 изгледа амбициозно и би било добро да биде остварена колку што е можно побрзо, а целосно до 2030 година. Затоа Владата во своите програмски определби постави најголем дел од целите на агендата, како целта број 7 која во голем дел е исполнета а се однесува на енергетиката и енергетската ефикасност за што се веќе донесени законите и се исполнети целите. Но, тука остануваат целите во делот на правдата, пристапот до образованието, инклузивниот одржлив економски раст, што значи добра и еднаква благосостојба за сите жители во едно општество“, објасни Анѓушев.

На неодамнешната седница на Националниот совет за одржлив развој, владата донесе стратегија за реализација на 5 приоритетни цели, од вкупно 17 општи цели за одржлив развој, како и 169 специфични цели чија реализација се следи преку 243 глобални индикатори.

Би можело да ве интересира

Бугарската „Кер Токи Пауер“ ќе ја преземе компанијата за трговија со струја на Анѓушев

Орце Костов

Ковачевски за писмото на Заев: Во демократија секој има право на став

Агелер: Има докази против Анѓушев, тој веќе се жалеше, но тоа нема ништо да смени

Катерина Ѓуровски

Ковачевски за ставањето на Анѓушев на „црната листа“ на САД: Тоа се сериозни наводи, останува нашите институции да постапат

Анѓушев: Благодарност до Малта за мандатот, не можам да бидам конзул со сенка врз моето име

А1он

Малтешкото МНР му ја прекина на Анѓушев функцијата почесен конзул на Малта

А1он