(ВИДЕО) Ангелоска-Бежоска: Макроекономската состојба стабилна, ќе дадеме максимален придонес за справување со предизвиците

Од:

Макроекономската состојба е стабилна, девизните резерви се на адекватно ниво, банкарскиот сектор е стабилен, оцени гувернерката на Народната банка Анита Ангелоска- Бежоска, која рече дека она што загрижува се ризиците насочени кон реалниот сектор и оттаму како централна банка преземаат мерки во рамки на своите законски надлежности.

– И најновите расположливи податоци покажуваат дека макроекономската состојба е стабилна во услови на ниски инфлациски движења, високо ниво на девизни резерви и здрав банкарски систем, кој е клучен столб за одржување на целокупната финансиска стабилност, рече гувернерката на прес-конференција во Владата за економските мерки што се преземаат за коронавирусот.

Појасни дека инфлацијата е на ниво од 0,7 отсто што е пониско од очекувањата, а девизните резерви се на ниво од три милијарди евра што се двојно повеќе од нивото во 2008 година.

–Девизните резерви се на високо ниво од околу три милијарди (3.021 милиони евра) или 4,1-месечна покриеност од проектираниот увоз во наредната година, што е значајно повисоко ниво во споредба со периодот пред кризата во 2008 година, односно се двојно повисоки и се на адекватно ниво за справување со какви било шокови. За овие состојби значаен придонес има исклучително високата акумулација на девизните резерви во изминатите две години – во просек по 460 милиони евра, појасни гувернерката.

Потенцира дека имаме високо ниво на девизни резерви што се на адекватно ниво на девизни резерви за справување со какви било потенцијални шокови и не постои баш никаков ризок, во однос на девизниот курс.

Наведе дека сите податоци покажуваат дека бакарскиот систем е здрав.

–Банкарскиот систем на нашата земја е здрав и стабилен. Тој е висококапитализиран со стапка на адекватност на капиталот од околу 17 отсто што е двојно повеќе од минималното законско барање, а ова ниво е повисоко од периодот пред глобаланата криза. Ликвидноста е на високо ниво кое е повиско од периодот пред глобалната економска криза во 2008 година. Квалитетот на активата на банкарскиот систем е солиден и исто така подобар во споредба со периодот пред кризата во 2008 година, што се согледува преку релативно ниско ниво на нефункционалните кредити кои се 4,8 отсто коешто е и едно од најниските во регионот. Сево ова упатува дека тој е во добра кондиција да се справи со потенцијални шокови, рече Ангелоска-Бежоска.

Ги напомена одлуките што ги донела централната банка во изминатиот перио,меѓу кои за намалување на основната камтна стапка за 0,25 процентни поени, со што таа ќе изнесува 1,75 отсто, со што ќе се овозможи одржување на кредитниот циклус, и ублажување на ефектите од негативниот шок врз домашната економија, особено врз ликвидноста на корпоративниот сектор, иако ликвидносниот потенцијал со кој располагаат банките е висок.

Соопшти и за усвоените одлуки на вонредна седница на Советот на Народната банка.

Таа додаде дека се разгледува предлог одлука со која би се влијаело на олеснување на условите за реструктуирање на кредитите на погодените сектори.

-Разгледуваме предлог-одлука за методологија за управуваање со кредитен ризик, каде фокусот е да се обидеме да влијаеме потаргетирано. Целта е да се олеснат условите за реструктурирање на кредитите на погодените сектори, а самото тоа значи промена на договорните услови што може да вклучи намалување на каматната стапка, одобрување грејс период, продолжување рок на отплата и слично. Ова се само почетни иницијални информации, зашто оваа одлука се разледува во соработка со банкарскиот систем, ќе разговараме и со Владата, но набрзо очекувам да биде предложена до Советот и се надевам дека ќе се усвои, истакна гувернерката на прес-конференцијата во Владата за економските мерки.

Таа порача централната банка ќе го даде својот максимален придонес во рамки на координиран сет на политики со цел справување со предизвиците коишто ги носат актуелните случувања.

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Девизните резерви на крајот на февруари 4,28 милијарди евра

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите

Надворешниот долг е зголемен за 305 милиони евра во последните три месеци од 2023 година

Орце Костов

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари зголемена, кај депозитите намалување на месечно ниво