Весли Кларк ќе инвестира 5,6 милијарди долари во Косово

Од:

Пензионираниот американски генерал Весли Кларк, кој беше командант на силите на НАТО за време на бомбардирањето на некогашната Сојузна Република Југославија, планира да инвестира на Косово повеќе од една милијарда долари во производство на синтетичка нафта, тврди виенскиот економски весник „Виртшафтсблат“.

Кларк, кој раководи со канадската енергетска корпорација „Енвидити“, бара лиценца за да изврши истражување во западниот дел на Косово со цел да ја утврди количината на јаглен во тој дел, кој подоцна би се преработил во синтетичка нафта.

„Енвидити“ планира да инвестира 5,6 милијарди долари во следните шест години во производство на синтетичко гориво, наведува виенскиот весник.

Корпорацијата очекува во западниот дел на Косово дневно да произведува до 16 милиони литри или 100.000 барели гориво, доколку бидат пронајдени доволни резерви.

Резервите на јаглен на Косово се проценуваат на околу 14 милиони тони.

Директорот на „Енвидити“ Џеф Брукман потврдил за виенскиот весник дека постои проект за Косово, но не открил повеќе детали.

Начинот на производство на гориво од јаглен е познат уште од Втората светска војна и вообичаено се користи во време на високи цени на нафтата. Сепак, овој начин произведува и релативно многу штетни гасови, бидејќи јагленот се согорува под земја до течна состојба, а потоа се претвора во течност.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он