Велика Британија ќе го намали ДДВ во угостителскиот сектор

Од:

Британскиот министер за финансии Риши Сунак планира привремено да го зголеми данокот на имот и да го намали данокот на додадена вредност (ДДВ) во угостителскиот сектор.

Сунак новите мерки за обнова на британската економија ќе ги претстави в среда. Прагот на данокот на имот во Велика Британија во моментот изнесува 125.000 фунти, а предвидено е зголемување на половина милион фунти. Со таа мерка, која може да остане во сила една година, најпогодени ќе бидат купувачите на станови.

Додека со привременото намалување на ДДВ за угостителскиот сектор ќе бидат опфатени пабовите, рестораните и кафулињата и мерката треба да придонесе за зачувување на 2,4 милиони работни места во угостителскиот и туристичкиот сектор, чии претставници преку отворено писмо побараа помош од британскиот премиер Борис Џонсон.

Британската економија, која е петта во светот, во април поради пандемијата со Ковид-19, забележа пад од 20 проценти.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он