Вечерва и утре картичките од Стопанска банка нема да можат да се користат

Од:

Поради надградба на системот за картично работење, мрежата на картички, банкоматите и ПОС терминали на Стопанска банка нема да бидат достапна во периодот од 23:00 часот денеска до 11:00 часот утре, информираат од Банката.

Овој краткотраен прекин, како што објаснуваат од Банката, се прави поради подобрување и надградба на перформансите на системот и е со цел за воведување на највисоки меѓународни безбедносни стандарди во работењето на картичниот систем на Банката.

Вака подобрениот систем е дел од мисијата на Стопанска банка АД – Скопје да биде лидер во воведувањето на технолошки напредни решенија во секој сегмент од своето работење и има за цел да ги поддржи постојано зголемениот број на трансакции, воведувањето на нови производи и услуги кои клиентите ги бараат како и да овозможи највисоко ниво на сигурност во картичното работење.

Би можело да ве интересира

Вооружен грабеж на банка во Илинден, одземена е голема сума на пари

Александар Тодески

Скопјанец со пиштол се обидел да ограби банка во Аеродром

Величковски од НБРМ: Банката не смее да наплаќа за затворање на сметка, дебитни и кредитни картички

Орце Костов

Школа за новинари на ПроКредит Банка: „Дигитална трансформација: Одговорност кон иднината на бизнисите“

А1он

На тинејџер случајно му биле уплатени 9 милиони евра на сметка: Сакал да купи Порше

Министерство за финансии: Укината можноста да се рефинансира кредит во иста банка

Орце Костов