Вашингтон може да воведе нови царини за европските производи

Од:

Американските власти размислуваат да воведат нови царини, како и да ги зголемат постојните за увоз од Франција, Германија, Шпанија и Велика Британија за вкупно 3,1 милијарди долари. Според Блумберг, ова се наведува во изјавата на американскиот трговски претставник, Роберт Лајтхајзер.

Агенцијата наведува дека американските власти се подготвуваат да воведат нови царини на производи како што се маслинки, пиво, џин и камиони, а исто така сакаат да ги зголемат царините за одредени категории стоки како што се авиони, сирење и јогурт. Во средината на март, САД ги зголемија царините за увоз на авиони од Европската унија од 10 на 15 проценти.

Новите царини, според Блумберг, би можеле да влијаат на француските модни брендови „Живанши“ и „Хермес“, како и на групата компании ЛВМХ (Луј Витон Мот Хенеси). Царините за џин и пиво значително ќе ја зголемат цената на овие алкохолни пијалоци во САД, што ќе има негативно влијание врз британските и германските производители.

Плановите за наметнување нови царини се поврзани со историскиот спор помеѓу САД и ЕУ за субвенциите за „Боинг“ и „Ербас“. Арбитражата на Светската трговска организација на почетокот на октомври 2019 година им овозможи на американските власти да воведат царинии за речиси 7,5 милијарди американски долари за земјите од ЕУ, поради фактот што Европската унија не ги испочитувала одлуките донесени од организацијата во врска со субвенциите на „Ербас“.

Соединетите Американски Држави во моментов ги продолжуваат преговорите со ЕУ за склучување трговски договор. Администрацијата во Вашингтон се заканува дека ќе воведе царини за европските автомобили доколку нацрт-документот не одговара.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат