Узунов: Поскапувањата ќе растат, владата да преземе итни мерки

Од:

Порастот на цените веќе ја расплете инфлаторната спирала и цената на лебот, маслото, храната и останатите основни производи за живот, почнаа да растат и нема индикации дека ќе сопрат, напротив ќе продолжат да растат.

Ова го кажа Ванчо Узунов, претседател на Економско-социјалниот Совет на СДСМ според кого Владата мора да најде излез од се поголемата криза е итно да преземе серија мерки за ублажување на ценовната спирала на раст на цените на енергенсите, храната и останатите основни производи.

Узунов како прва мерка предложи да биде разрешувањето на превиот човек на Регулаторната комисија и на нивно место да дојдат непратиски и вистински експерти кои ќе носат одлуки во интерес на граѓаните.

„Фактот што ова парламентарно мнозинство, за прв човек на комисијата го постави Димитар Петров, претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кратово, директно ја урниса независноста на оваа комисија и тоа е реален проблем за функционирање на спрегата меѓу Владата и независните институции“, рече Узунов.

Наш предлог до СДСМ е доколку Владата не го стори тоа, партијата да поднесе интерпелација за работењето на претседателот на регулаторната комисија за енергетика, Димитар Петров и да побара поширока политичка подршка истиот да биде сменет.

Узунив од владата побара да ја преполови акцизата за горива и да се откаже од дел од буџетските приливи, посебно што тие се зголемуваат по основа на зголеменото ДДВ, поради зголемените цени на бензините. Според него, Само со оваа мерка, бензините ќе поефтинат за 10-12 денари по литар.

„Да даде насоки на државните ЕЛЕМ и МЕПСО, веднаш да се откажат од сите рекламни кампањи, фасади, странични трошоци и воопшто од сите непродуктивни трошоци, да спреведат проект за кратење на трошоците и да побараат намалување на цената на струјата;

-Владата веднаш да ги сопре сите свои реклами, кампањи и останатите непродуктивни трошоци како споменици, фасади, врби итн. Парите да ги пренасочи во санирање на последиците од економската криза, преку проекти како на пример, оној што одамна и го предложивме, воведување ваучери од 2.000 денари за социјално најзагрозените категории граѓани за купување на производи од македонско потекло;

-На крај уште една едноставна одлука која веднаш ќе влијае на ублажување на инфлаторната спирала, а тоа е целосното укинување на ДДВ од 5% за храна и негово сведување на 0%. Ова нема многу да го оштети буџетот, а видно ќе ја зголеми куповната моќ на луѓето“, рече Узунов.

Би можело да ве интересира

Ќе се зголемува школарината за студентите: Предлогот за поскапување испратен до студентските собранија

Орце Костов

Бектеши: Инфлацијата на храната ќе биде пет отсто до крајот на годината, тоа ви го ветувам

Орце Костов

Од полноќ ново поскапување на горивата

Орце Костов

Бесими најде виновник за најавените поскапувања: Медиумските укажувања за цените не помагаат во економијата

А1он

„Доаѓа зима, ќе бираме помеѓу студ и глад“: Македонија пред силен бран поскапувања

Орце Костов

Од денеска не важат замрзнатите цени на храната – се стравува дека нагло се ќе поскапи

Анита Петровска Рајковиќ