(ВИДЕО) Узунов: Даночниот систем е во хаос, сиромашните плаќаат, богатите се богатат

Од:

Сегашниот даночен систем е тотално несоодветен, а состојбата е таква што секогаш е време за реформи, вели во интервју за „Макфакс“ универзитетскиот професор Ванчо Узунов по најавите за реформи во даночната политика од страна на власта.

dobivaj vesti na viber

„Тој е хаотичен франкештајн-систем, ниту се знае кој што прави, сиромашните плаќаат, богатите се богатат. Ужасен е даночниот систем и време е да го реформираме“, потенцира Узунов.

Задача на Владата е да ја намали даночната евазија, потенцира Узунов.

„Некој ќе рече, можеби е оправдано. Нема прашање, треба да ги решаваат сивата економија, даночната евазија и точка. Не може некој да плаќа, друг да не плаќа и точка“, вели Узунов.

Во врска со прашањето за прогресивниот данок, универзитетскиот професор вели дека токму недостигот на дебата и недоволната информираност ги прави луѓето да се плашат од негово воведување.

„Оние што треба да го поддржат први се плашат од тој данок, мислат дека и нив ќе ги фати. Тие што најмногу ќе бидат погодени, ако некогаш се воведе прогресивен данок, си ќутат и баш им е гајле, ги оставаат другите да зборуваат и да им ја вршат валканата работа“, истакнува Узунов.

Би можело да ве интересира

Узунов: Транспортерите ќе имаа образ да се бунат за поскапувањето на акцизата ако ги намалеа цените кога падна цената на нафтата

Маја Илиевска-Пачемска