Усвоен Кодекс на добри практики за финансиска едукација

Од:

Кодекс на добри практики за финансиска едукација е усвоен од страна на Координациското тело за финансиска едукација и финансиска инклузија, со кое раководи Народната банка.

Со ова, како што денеска информираа од централната банка, продолжуваат активности за спроведување на националната Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија усвоена во јули годинава.

– Кодексот ги утврдува принципите што треба да се применуваат при спроведување на финансиската едукација на населението во земјава, од страна на сите субјекти од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор кои ќе бидат вклучени во овој процес. Во него се наведени посакуваните цели, принципите коишто треба да се применуваат при спроведувањето на активностите за финансиска едукација, опфатот на активностите, добрите практики во однос на содржините и обучувачите за финансиска едукација, како и начинот на информирање на регулаторите и оценување на активностите, велат од Народната банка.

Посочуваат дека Кодексот се заснова на најдобрите светски искуства и препораките на ИНФЕ-ОЕЦД и дека со него ќе се зајакне координираниот пристап за финансиска едукација, што ќе придонесе за подобри и побрзи резултати на национално ниво.

Од Координативното тело за финансиска едукација и финансиска инклузија ги повикуваат сите заинтересирани да го погледнат Кодексот, кој е достапен на  https://www.nbrm.mk/kodeks-fin-edu.nspx .

Би можело да ве интересира

Народна банка: Макроекономските показатели во согласност со очекувањата

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска: Економската активност во првото полугодие во линија со проекциите на Народната банка

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска пред студентите на Економски факултет: Дигитализацијата ја обликува иднината на работните места

Ана Ололовска

Народна банка: Солвентноста на банкарскиот сектор подобрена

Катерина Павлова-Николовска

Народната банка го објави конкурсот за основци и средношколци по повод Светскиот ден на штедењето

Ана Ололовска

Средба Ангеловска-Бежоска – Бас: Побрзо надминување на кризата преку вложување во дигитализацијата и човечкиот капитал

Ана Ололовска