Усвоен договорот за поврзување на Македонија со грчката гасоводна мрежа

Од:

Владата на денешната 57-ма седница го разгледа и прифати текстот на усогласениот договор за изградба на интерконекцијата за пренос на природен гас Грција – Северна Македонија и го овласти министерот за економија Крешник Бектеши да го потпише овој договор со Владата на Република Грција.

Како што посочуваат од владината прес-служба, со овој договор за заедничка изградба на интерконекторот со Грција ќе се овозможи гасно поврзување на Централна и на Југоисточна Европа со цел унапредување на диверзитетот и конкурентноста на снабдувањето со природен гас и обезбедување на сигурноста во снабдувањето на регионот.

-Овие цели ќе се обезбедат и по пат на унапредување на регионалната инфраструктура и подобрување на интеграцијата на пазарите, како и преку обезбедување на потребните количества на природен гас за сите потрошувачи во регионот на Централна и на Југоисточна Европа (CESEC), вклучувајќи ја и Република Северна Македонија,велат од Владата.

Би можело да ве интересира

Потврден првиот случај на омикрон во Грција

Ана Ололовска

Се очекува до крајот на неделата да се обезбеди усогласување за влегување на Алтернатива во Владата

А1он

Арсовски: За цената на струјата и понудата на ЕСМ не е разговарано на владина седница

А1он

Матичните лекари ќе добијат по 30 денари од пациент доколку 70 отсто од нивните пациенти се вакцинираат

А1он

Финансиска поддршка за намалување на последиците од корона-кризата за производителите на јаболко, ориз, грозје и вино

А1он

Владата со потсетување: Пластичните ќеси од утре ќе чинат 15 денари

А1он