Усвоен буџетот на општина Охрид за 2013 тежок 16 милиони евра

Од:

Советот на општина Охрид денеска го усвои општинскиот буџет за 2013 година проектиран на 16,1 милиони евра што е за пет милиони евра повисок од годинашниот.

За усвојувањето се изјаснија советниците од мнозинството на СДСМ, додека нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата со образложение дека нема да му дадат легитимитет на буџет кој, како што рекоа, е неразвоен и тотално промашување пресликано од претходната година.

Градоначалникот Александар Петрески истакна дека 46 проценти од буџетските средства се наменети за развој на градот и за капитални инвестиции.

– Не е точно дека не е развоен буџетот. Ние не можеме да ги развиваме „ЕМО“ и останатите субјекти што се надлежност на државата. Се знае што се капитални инвестиции – изградба на патишта, тротоари, водовод, колектор, потоа гасификација, субвенции на туризмот, рече Петрески.

Членовите на општинскиот совет од ВМРО-ДПМНЕ, освен што ја напуштија седницата, не ги примија ниту новогодишните подароци од локалната самоуправа, оценувајќи го чинот како лицемерие зашто, според нив, десет месеци не го примиле паушалот за работа.

Градоначалникот Петрески рече дека паушалите ќе бидат исплатени веднаш откако министерствата за финансии и за локална самопурава ќе ги регулирааат обврските кон општината по однос на поврат на средства од ДДВ.

Би можело да ве интересира

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион