Уште утре барања за отпис на долгови

Од:

Рокот за поднесување барања за отпис на долговите истекува утре. Граѓаните од ранливите категории може да ги поднесат до центрите за социјални работи најдоцна до 16 часот и 30 минути. 

Заклучно со петокот за отпис на долгови се поднесени вкупно 36.369 барања.

Поднесувањето барања за отпис на долговите почна на 18 август. Се отпишуваат долгови настанати заклучно со 31 декември 2013 година, а по основ на потрошена електрична енергија, топлинска енергија, за кредитни картички, пречекорувања на трансакциски сметки и потрошувачки кредити, како и долгови за радиодифузна такса. Долговите треба да бидат неплатени подолго од една година и за нив да е почната постапка за наплата.

Барања може да поднесат лица приматели на социјална помош, невработени и лица што имале смртен случај или инвалидитет во семејството и поради тоа не можат да ги исплаќаат обврските.

Би можело да ве интересира

Жителите на Слупчане се уште го блокираат влезот: Ќе го платиме долгот кон ЕВН, но не и каматите

Орце Костов

ВИДЕО: Се спрема отповикување на градоначалниците недомаќини, општините пак во долгови од над 75,7 милиони евра

Маја Илиевска-Пачемска

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он