УПОЗ за вториот сет мерки: Владината одлука е хумана и со голема доза на солидарност

Од:

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на РМ (УПОЗ) ја поздравува одлуката на Владата и вториот сет мерки затоа што ги прифатила нивните барања и сугестии, особено оние што се однесуваат на платите во јавниот сектор и јавната администрација.

– За Синдикатот на УПОЗ беше неприфатливо товарот на кризата да падне на грбот на работниците со тоа што сите ќе добиеја минимална плата. Вчерашната одлука на Владата на РСМ сметаме дека е хумана и со голема доза на солидарност, со што се оствари заложбата на Синдикатот, товарот на економската криза да го понесат сите, но пред сè оние со големи примања односно побогатите. Ваквата одлука истовремено покажува дека државата и во вакви кризни моменти води сметка за стандардот на граѓаните и нивната метеријална и социјална сигурност, наведе УПОЗ во допис до медиумите.

Синдикатот додава дека јавната администрација многу често неосновано и континуирано е напаѓана од поединци и од бизнис-секторот, карактеризирајќи ги вработените како неработници и затоа бара да престанат, како што пишува: „таквите неосновани напади бидејќи поединечните случаи не треба да бидат правило и сите да се ставаат во ист кош“.

-Затоа Синдикатот на УПОЗ сака да упати порака до сите административци, особено сега, да покажат и докажат дека лошата слика за нив е наметната и нереална и да покажат дека работаат совесно, одговорно и чесно. Само така и во иднина како Синдикат ќе можеме да се залагаме за поголеми права, услови за работа и други права од работен однос, пишува во соопштението на УПОЗ.

Би можело да ве интересира

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата