United Grоup има најбрза мобилна мрежа во Европа

Од:

Vivacom е најбрзата мобилна мрежа во Европа, покажа истражувањето на Ookla, засновано врз строгите стандарди за мерење на апликацијата Speedtest®, постигнувајќи го најдобриот резултат на Speed ScoreTM 2. Студијата се базира на 127.000 тестови спроведени во првата половина на 2020 година, во кои учествуваа 44.000 корисници во
Бугарија.

Vivacom е дел од United Grоup, водечкиот телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа во рамките на кои во Северна Македонија работи компанијата Тотал ТВ и нејзините услуги ЕОН и телевизиите и порталите Sport Klub, Nova S и N1, како и најголемата регионална платформа за online купување – Shoppster и кој е во мнозинска сопственост на инвестицискиот фонд BC Partners од март 2019 година.

Со истовремено работење во телекомуникацискиот и медиумскиот бизнис, United Grоup ги обединува водечките оператори и најдобрите производители на медиумски содржини во седум земји, обезбедувајќи врвни телекомуникациски услуги од најновата генерација и најдобра странски и домашни ТВ содржини на пазар од 27 милиони луѓе во Југоисточна Европа и дијаспората ширум светот.

Како дополнување на веста за големиот успех на United Grоup, уште една нејзина компанија, Telemach во Словенија, го освои сертификатот Best in Test за најдобра мобилна и интернет мрежа во 2019 и 2020 година во Словенија, според податоците на независната истражувачка компанија Umlaut. Успешна иднина ја чека и Tele 2 од Хрватска, третиот
мобилен оператор во сопственост на United Grоup, чиј развој и раст се во срцето на стратешките планови на Групата.

United Grоup продолжува континуирано да инвестира во развој на иновативни услуги на сите деловни пазари и обезбедување врвно корисничко искуство.

комерцијален текст

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ претстави нова супер акција: 249 денари во првите 8 месеци

Жарко Настоски

Компанијата VIVACOM на United Group меѓу најбрзо растечките провајдери на сателитски услуги за деловни корисници во светот

Жарко Настоски

Тотал ТВ бесплатно ги отвори дополнителните канали за своите претплатници

Ландов