Укинатите субвенции за ПВЦ прозорци и печки на пелети се враќаат следната година

Од:

Субвенции за вградување ПВЦ прозорци, за купување печки на пелети како и субвенции за сончеви колектори Министерството за економија повторно ќе дели следната година. По почетокот на пандемијата тие беа укинати, а средствата беа прераспределени за заштита од коронавирусот. Министерот за економија Крешник Бектеши денес, одговарајќи на новинарско прашање, најави дека субвенции ќе може да се користат во 2021 година.

„Точно е дека ги прераспределивме средствата во Ковид програмата, но веќе сме во преговори со Министерството за финансии, предвидени се средства за такви мерки преку програмата за енергетска ефикасност. Сите мерки од 2019 година се предвидени и ќе се реализираат. Тргнувајќи од ПВЦ прозорци, печки на пелети, инвертери и сите други мерки. Ќе ги презентираме сите во моментот кога ќе се усвои буџетот“, рече министерот Бектеши.

Субвенциите ќе бидат предвидени во Буџетот за 2021 година и ќе се реализираат следната година, нагласи министерот Бектеши.

Министерството за економија преку програмата за енергетска ефикасност годинава за печки на пелети субвенционираше вкупно 454 граѓани.

Повикот беше распишан на почетокот на годината, а се аплицираше до 6 март. За оваа мерка беа одвоени 10,7 милиони денари.

Би можело да ве интересира

Битиќи – Петров: С. Македонија ќе стане регионален стартап центар каде младите ќе може да ги реализираат своите бизнис идеи

Ана Ололовска

Возобновен Националниот контакт центар за економски мерки, информации на 0800 00 207

Ана Ололовска

Онлајн состанок со германски стопанственици заинтересирани за инвестиции во енергетска ефикасност, инфраструктура, дигитализација и здравство

Ана Ололовска

Битиќи: Словенија е традиционално добар економски партнер, очекуваме зголемена трговска размена во пост ковид периодот

Ана Ололовска

Битиќи: Националниот развоен план е стратегија за долгорочен развој на земјава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Битиќи: Еуроникел Индустри, еден од најголемите извозници во земјава бележи растечко производство и во време на ковид криза

Ана Ололовска