Укината царината за увоз на масло за јадење до 31 мај

Од:

На предлог на Министерството за економија во координација со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Владата на денешната седница донесе одлука да ја продолжи забраната за извоз на одделни житарици и сончогледово масло до 15 мај 2022 година, објави на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши.

dobivaj vesti na viber

Согласно оваа одлука и во наредните 30 дена до 15 мај 2022 година ќе биде забранет извоз на: пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе од сончоглед-вклучувајки кршено или дробено, масла од семе од сончоглед, шафраника или мапуково семе и нивни фракции, пречистени или непречистени, но хемиски немодификувани, од сончоглед.

Исто така, на предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука за укинување на увозната давачка-царинска стапка за увоз на масло од сончоглед за јадење до 31 мај 2022 година.

„Потребата за продолжување на рокот за забрана за извоз за следни 30 дена односно по 15 април 2022 година до 15 мај 2022 година, како и да се укине царинската стапка за увоз на масло од сончоглед за јадење до 31 мај 2022 година е да се задржи тековната состојба на домашниот пазар од можноста на сериозни пореметувања поради недостаток на стоки, неопходно потребни за производството, преработката и за животот и здравјето на граѓаните, до новата реколта, како и дополнителен стимул за одржување на снабдување на домашниот пазар од растот на цените„ напиша министерот Бектеши.

Целта на овие мерки е заштита на домашниот пазар и граѓаните во време на криза за да се избегнат шпекулативни дејствија на трговците и производителите и за заштита на домашното производство, домашниот пазар и граѓаните.

Приоритет на нашата Влада е е да го заштитиме стандардот на граѓаните и да одржи економска стабилност.

Би можело да ве интересира

Владата побара да му се одземе државјанството на Александр Онишченко

Катерина Павлова-Николовска

ТЕЦ Неготино нема да се вклучи затоа што ќе произведува поскапа струја од увозната

Орце Костов

Бектеши: Арачиново нема заштеда на струја, потрошиле 474 отсто повеќе од лани

Орце Костов

(ВИДЕО) Арсовска до Премиерот: Гледај си ги твоите проекти, кој ќе ти ги одземе тебе ингеренциите?!

Анита Петровска Рајковиќ

Андонов: Фирмите кои со манипулации влегле на регулираниот пазар, од јануари автоматски ќе бидат вратени на слободниот пазар

Ана Ололовска

ВИДЕО: Цената на струјата нема да се зголеми, можно е да има и намалување според прогнозите на министерството за економија

Орце Костов