УЈП почна со исплата на парични средства по основ на МојДДВ

Од:

Управата за јавни приходи (УЈП) започна со исплата на парични средства согласно Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица. Повратот од 15 отссто од ДДВ на трансакциските сметки на граѓаните кои се корисници на апликацијата МојДДВ, велат од УЈП, се префрла на сметките на граѓаните за првото тримесечје, односно за месеците јули, август и септември.

– Досега е исплатен поврат кај 16.600 граѓани, а до крајот на наредната недела повратот ќе биде извршен кај сите граѓани кои ги скенирале фискалните сметки во првото тримесечје преку апликацијата МојДДВ, киоск апаратите и бар-код читачите во организационите единици на Управата за јавни приходи, соопшти УЈП.

Во првиот квартал од МојДДВ, се додава во соопштението, скенирани се 22.670.713 фискални сметки, остварен е вкупен промет во износ од 11.423.978.620 денари, со пресметан вкупен ДДВ во износ од 1.241.434.628 денари. Повратот од 15 отсто е во висина од 186.215.194 денари.

Од УЈП најавуваат дека ќе излезат со подетални информации по заокружувањето на целата исплата кај сите корисници на МојДДВ кои ги исполниле условите за поврат на 15 отсто од ДДВ.

Би можело да ве интересира

УЈП ја објави новата листа на должници: 1801 фирма и 3606 граѓани должат 160 милиони евра

Орце Костов

Продолжување на рокот за поднесување ДДВ-04 пријави и надградба на ситемот е-ПДД

ВМРО-ДПМНЕ: Лукаревска место да поднесе кривична пријава до фирмите за криминал тежок над 22 милиони евра, таа ги става на листа на должници

Реакција на УЈП на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Демант од УЈП за тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ: Нема извршен поврат на ДДВ, даночните обврзници имаат даночен долг

Спречена измама со поврат на ДДВ од над 160 милиони денари на нафтени компании

Орце Костов