Угостителите сакаат и понатаму да работат во недела

Од:

До овој момент разговаравме со угостителите и компаниите од туристичката дејност, и таму тие мислат дека не треба да се направат никакви измени во периодот кој следува, вели министерот за економија Крешник Бектеши за неработната недела која беше најавена од Владата.

„Во моментот сме при крај со анализата, ќе отвориме дискусија, а секако дека и овој меморандум за соработка ќе придонесе бизнис заедницата да даде свој придонес“, рече Бектеши.

Неби Хоџа, претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија рече дека во петокот имале состанок во Владата со заменик премиерот за економски прашања Битиќи и министерката Шахпаска.

Тој вели дека е разговарано дел од бизнисите кои оперираат за викенди да можат да си ја вршат дејноста, но да се запази вработените да имаат еден ден одмор во неделата.

Бектеши и Хоџа денска го питшишаа Меморандумот за соработка меѓу министерството за економија и Стопанската комора на Северозападна Македонија.

„Стопанската комора располага со многу анализи кои доаѓаат од страна на бизнисот и малите микро претпријатија. Тие ќе ни користат за политиките кои ќе се креираат да бидат во таа насока каде што на рационален начин ќе се користат средствата“, рече Бектеши.

Би можело да ве интересира

Бектеши бара да се репреговара една енергетска инвестиција: Не може два или три пати да се дава државна помош на ист инвеститор

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Бектеши: Првпат по три децении ќе бидеме целосно независни од источниот дел во однос на снабдувањето со енергенси

Бектеши: За мнозинството граѓани сметките за струја ќе бидат пониски

Бектеши: Треба да се ослободат уште 200 милиони нормални кубни мети во гасоводот за воопшто да не користиме руски гас

Трошоците за живот за една година намалени за 5,5 пати тврди Бектеши